Home / Колективни спортови / Футсал/Фудбал / Удар на топка со внатрешен дел од стапалото

Удар на топка со внатрешен дел од стапалото

Овој удар има голема проимена во фудбалската игра и се користи за удар на гол, за додавање и центрирање . Овој удар е многу силен и прецизен  и се врши на голема ударна површина. Замавнувањето со нога се врши од страна, задавањето на удар е од 45 степени. Стојната нога се поставува зад топката на раздалеченост од 20-30 см. од страна. Ногате е свиена во коленото, телото е наведнато над стојната нога. Замавнувањето на ударната нога започнува од колкот, а завршува со силно испружување  на потколеницата. Стапалото е максимално зацврстено.  

Методика на обучување на удар на топка со внатрешен дел на стопалото
–    Удар на топка со топка со внатрешен дел на стопалото од место, на раздалеченост од 8 м.-10 м.
–    Удар на топка со користење на лесно трчање од 4 м.-6 м.
–    Удар на топка со затрчување од страна на раздалеченост од 10 м. до 15 м.
–    Удар на топка со параболично движење насочено кон друг ученик
–    Удар на топка брзо, силно, и прецизно на раздалеченост од 8 до 10 метри

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*