Home / Методика на ФЗО / 7 совети за спортска мотивација на вашето дете

7 совети за спортска мотивација на вашето дете

fpic4Вашето дете морате да го мотиварате да биде спортско активно со што ќе успеете да елиминирате голем број на здравствени проблеми кои може да се појават доколку истото не спортува. Во продолжение ви преставуваме седумсовети за спортска мотивација на вашето дете.

1.    Изберете спорт кој му одговара на вашето дете, а не вам. Повеќето родители избираат одреден спорт за своите деца само затоа што самите тие го практикувале истиот или затоа што ним им се допаѓа. Ова е погрешна тактика, бидејќи детето може да не го поседува ентузијазмот на родителите. Децата сакаат да се забавуваат и она што го прават треба да им носи големо задоволство. Ако вашето дете не се чувствува среќно и задоволно кога игра фудбал, тогаш сте избрале „погрешен“ спорт. Обидете се со кошарка, ракомет, одбојка, пливање, гимнастика или тенис.

2.    Дознајте која е причината за неговата наклонетост кон одреден спорт.Вашето дете веројатно има афинитети кон одреден спорт, независно дали тоа е кошарка, фудбал, одбојка или пак модерни танци. Дознајте зошто обожава да речеме фудбал. Дали затоа што му е забавна играта, затоа што фудбалот е популарен кај неговите другари или затоа што неговиот идол е Лионел Меси. Која и да е причината, потребно е да ја знаете и да ја искористите за да го мотивирате.

3.    Зголемете му ја самодовербата. Децата кои не практикуваат никаков спорт имаат ниска самодоверба кога станува збор за изведување на одредени физички активности. Без оглед која е причината за ниската самодоверба – дали е прекумерната тежина или слабата кондиција – ваша задача е да дадете свој придонес во нејзиното зголемување. Кажете му дека може да постигне сè што сака, но дека е потребна напорна работа. Раскажете му дека и неговиот идол некогаш бил мало дете, но дека напорната работа го претворила во врвен спортист. Тоа ќе ја зголеми неговата самодоверба и ќе го мотивира да започне да спортува.

4.    Претворете го спортот во забава. Колку позабавен му е спортот на вашето дете, толку почесто ќе го практикува, а со тоа ќе ја подобрува и својата изведба. Откријте што ја поттикнува возбудата кај него. Ако тоа обожава кошарка поради поентирањето, предизвикајте го да играте заедно и умислено дозволувајте му да постигнува многу кошеви. На тој начин тоа ќе се забавува и уште повеќе ќе ја засака кошарката, па и вам ќе ви биде многу лесно да го мотивирате.

5.    Бидете и вие физички активни. Доколку сакате да го мотивирате вашето дете, сигурно тоа нема да ви успее ако го поминувате целиот ден пред ТВ. Изградете си позитивен однос кон спортот. Ако вашето дете согледа дека вие уживате во физичката активност и ви е забавно, кај него ќе се зголеми желбата да учествува.

6.    Спортувајте заедно дома. Заедничкото спортување со вашето дете може да биде голема мотивација за него. Ако немате можност да го правите дома, одете во најблискиот парк. Вашето дете сигурно сака да поминува повеќе време со вас, а вие најдобро знаете како да го направите спортот позабавен за него.

7.    Гледајте заедно спортски натпревари или спортски филмови. Децата лесно можат да се заљубат во одреден спорт преку филмови. Најчесто во филмовите главниот јунак постигнува успех со многу труд, па тоа испраќа позитивна порака до вашето дете. Следењето на спортски натпревари исто така може да послужи како одлична мотивација.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu