Home / Индивидуални спортови / 6 бесплатни начини да бидете во топ форма

6 бесплатни начини да бидете во топ форма

skokanje_jaze4Одлуката да се почне со вежбање носи со себе многу недоумици: немам пари за фитнес или теретана, кој ќе купува спортска опрема, немам доволно време итн. Доколку сте искрени кон себе, признајте дека ова се само изговори. Не ви се потребни многу пари и време за вежбање, бидејќи постојат можности тоа да го направите со своја режијаи  тоа бесплатно.

1. Хулахоп
Сетете се, колку беше интересно да се врти хулахоп кога бевте мали. Одберете некој во својата омилена боја, пуштете музика и забавата може да започне. Покрај доброто чувство, хулахопот е одличен за вашиот струк.

2. Јога
Древна дисциплина која гарантира ведар дух, одлична форма на телото и чувство на мир. Доколку навистина ви одговара, тогаш практицирајте ја во некој од јога центрите, а до тогаш можете да вежбате и во својот дом.

3. Трчање
Ова е спорт кој ви е потребен кога сакате да почнете да се движите, а еднаш кога ќе започнете со трчање, тоа ќе ви стане навика без која нема да можете. За почеток, комбинирајте трчање и брзо одење, за да влезете во форма. Најважно е да го слушате своето тело и да ги почитувате своите граници на издржливост.

4. Скокање на јаже
Уште една активност од училишните денови. Со јажето може да вежбате во својот дом, но исто така може да излезете и во природа. Скокањето на јаже е делотворно како и трчањето бидејќи ги активира сите мускули.

5. Фитнес во домашни услови
Доколку имате навистина преоптоварен распоред да се посетувате фитнес центар, вежбањето може да го направите и во својот дом. Потребна ви е само подлога, добра волја и некое видео за вежбање во домашни услови со кое може да ги постигнете посакуваните резултати.

6. Велосипед
Имате две опции: да возите велосипед спортски, на долги патеки, по неколку километри, со кратки паузи или да го користите секојдневно, како превозно средство на пример до работа. Возењето велосипед го обликува вашето тело и придонесува за добро расположение.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu