29″ или 26″ ?

26er-vs-29erГолем број на истражувања кои ги спровеле производителите – trend-setteri, покажуваат дека некритички е прифатен ридско-планинскиот велосипед како таков што го познаваме заедно со значајната тромост на пазарот и задоволството на производителите кои не тежнеат на усовршувањето на понуда. Но сепак донесена е одлука околу изборот на нов велосипед со уште една нова компонента т.н. 29ката односно ридско-планински велосипед со тркало со димензија од 29 inchi. Како и зошто е настаната таа промена, дојдено е после долго испитување и собирање на искуства од малите велосипеди (скелет и тркало) ?!

Опсежните испитувања и тестирања кои ги спроведуваат водечките производители на велосипеди – trend-setteri, покажуваат дека некритички е прифатен ридско-планинскиот велосипед како таков што го познаваме заедно со значајната тромост на пазарот и задоволството на производителите кои не тежнеат на усовршувањето на понуда. Споменатите тестови покажуваат дека 29ката како велосипед се вози по удобно, дека како велосипед е по брз и во голем број на ситуации контролата над велосипедот е по сигурна кај секој велосипедист, а доста е карактеристичен на лош терен. Одржувањето на темпото при возење е полесно со поголеми тркала, совладувањето на техничките барања при успон се по едноставни, а важно е и да се каже дека возењето на овој тип на велосипед е по сигурен и по едноставен за возење кај велосипедистите – рекреативците и почетниците.

ЗОШТО 29ката Е ПО УДОБНА И ПО СИГУРНА ?
Едноставно, поголемиот дијаметар на тркалото во секој момент значи пропорционално намалување на секоја препрека на патот, затоа што помалиот нападен агол кон препреката значи и нејзино полесно преоѓање. Воедно и поголемото тркало има поголема гума, која има поголем волумен на воздух, што резултира со голем ефект на еластичност, односно тоа доведува до удобност при возењето. За се што предходно е кажано можеме лесно да споредиме со употреба на автомобил и скејт борд: односно она што е невидлив камен на патот на автомобилот, воедно е непремослива препрека за малите и тврди тркала на скејт бордот

velo1

ЗОШТО СО 29ката ПОЛЕСНО СЕ ДРЖИ ТЕМПО ?
Затоа што еден теоретски недостаток може да се претвори во предност. Имено, поголеми тркала се потешки, што значи кога ќе се придвижи – полесно и подолго се одржувате во движење или со физички речник – имате поголем движечки силов момент. Спојот на поголем движечки силов момент со поголемиот дијаметар на тркалото резултира со полесно (технички едноставно и со помал физички напор) преминување преку препреките.

velo2

ЗОШТО 29ките ПОЛЕСНО ГИ ПОМИНУВААТ ПО ТЕШКИТЕ ДЕЛНИЦИ ?
Затоа што допирната површина на поголемото тркало е поголема – по долга и по тесна, што воедно значи дека држењето на правецот конкретно на песокливи и каливи предели е по едноставно и велосипедот значително по лесно се управува. Имено поради рамномерното оптеретување на гумите, нејзината деформација е значително по мала, што значи дека и дизајнот на гумата доста е искористен и е доста полезен.

velo3

 

velo3_1

ЗОШТО 29ката ПОЛЕСНО СЕ ВОЗИ ПО СЕКОЈ ВИД НА ТЕРЕН ?
Во однос на 26ката, 29ката има по ниско тежиште. Иако висината на погонската осовина е иста на двата велосипеди, поради поголемиот дијаметар на тркалата, тежиштето на велосипедот со велосипедистот е ефективно по ниска. Тоа значи да велосипедот во возење е по стабилен, а велосипедистот има чувство дека е “во велосипедот“ отоклу “на велосипедот“. Кај некои производители точката на погонската осовина малку е покачена како би се создала подобра позиција за велосипедистот (односот на висината на седиштето и кормилото).

velo4

АКО Е СЕ ТАКА , ЗОШТО НА 26ката НЕ И Е “ОДЅВОНЕТО“ ?
Пред се во категоријата на најлесни натпреварувачки велосипеди, предноста на 26ката е нејзината помала тежина и тоа по правило со околу пола килограм помалку. Натпреварувачите кои пред себе имаат стрмна и вијугаста патека соочени се со постојани забрзувања, каде што малата маса на тркалата е пресудна. Всушност натпреварувачите се возачи кои се спремни да се соочат со “нервозен“ велосипед во замена со забрзувањето.

velo5

Следната категорија која подобро се снаоѓа со 26 inchi  тркала се downhill и free ride велосипедите. Одот на тркалата од 130 мм или подолго,поголемите тркала би довело да рамот на таков вид велосипед да има несекојдневни димензии.

velo6

Основната употреба на мали тркала исто така е во категорија на велосипеди со мала рамка. Опималната ергономија за ниски велосипедисти и големи тркала неосетно доведува до конструкциски проблеми: превисок преден крај на велосипедот и преклопување на ротацискиот лак на предното тркало и педалите.

velo7

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu