Home / Престој во природа / Логорување во природа / 101 идеа за ЛОГОРУВАЊЕ – трет дел

101 идеа за ЛОГОРУВАЊЕ – трет дел

Продолжуваме со идеите за логорување, продолжуваме со примерите кои ги стекнавме со нашето големо логорско искуството кое го имаме, кое го стекнавме во овие 30 години живот во природа….

 

61. СПИЕЊЕ И СТАНУВАЊЕ
Обете ги регулираме со претходно направената програма. Стар обичај е кој е познат кај постарите логорувачи, а дозволува отстапки е дека, ако се издолжи денот со некаква ноќна игра или ноќен поход, станувањето да се помести наредното утро подоцна. Обично за еден час. Ако пак случајно ја пропуштиме утринската гимнастика, тогаш задоволството ќе биде толку поголемо, затоа што логорувачите се уморни од ноќното лутање.

62. ПРАЗНИЦИ
Извидниците прославуваат и разни празници. Празникот го славиме на тој начин, што го соединуваме со голем логорски оган, при што организираме голема приредба, покануваме поголем број на гости, гости кои ќе можат да ни прикажуваат нешто повеќе за логорскиот живот, можеме да припремиме и културна вечер. Вакви логорски огништа се посебен повод за докажување на логорувачите и нудат додатен елан за достигнување на одредени цели.

63. ОБИЧНИ ДЕНОВИ
Обични денови не ги признаваме и не ги дозволуваме, но сепак, ако логорувањето трае подолго, нормално е дека логорувачите ќе побараат и некој обичен ден. Некои обични денови се секако во неделите, кои се и онака помалку исполнети со активности. Обичај е секако, на готвачот да му се додели слободен ден. Во таков ден, топла храна се дели само за појадок. За таков ден посебно се подготвуваме. Целиот логор во таков ден ја полага вештината курир, за која е значајно 24 часа да не јадеме и зборуваме.

64. РОДЕНДЕН НА ЛОГОРУВАЊЕТО
Скоро во секоја смена на логорувањето се случува да има роденден. За роденден се подготвуваме посебно. Славеникот кој го прославува роденденот, добива уште за појадок посебен подарок – чоколадо. Можеме на славеникот да му подариме и книга со посвета, а во тој ден славеникот е ослободен од сите активности. Ако е еден од помладите , а  посакал да го посети блискиот логор или местото во чија близина се наоѓа логорот му доделуваме придружба.

65. ПАТРОЛНИ КАТЧИЊА
Патролите преку годината се среќаваат во својата одретска просторија и притоа, формираат свои патролни катчиња. Додека пак, на логорување, обичај е да секоја патрола си формира патроло катче, во близината на логорската населба. Патролното катче секоја патрола го уредува на свој начин. Од камења или дебели трупци се прават места за седење, масичка, мало огниште и настрешница, изработена од приоден материјал. На тој простор “заседава” патролата. Патролното катче е дел од патролната симболика и помага при подигање на патролниот дух. Затоа на патролното катче треба да му се посвети повеќе време. На сите логорувачи  од патролата треба да им се објасни дека всушност, овој простор е таен простор и ја заменува одредската просторија и патролното катче.

66. БИЛТЕН НА ЛОГОРУВАЊЕТО
Стар обичај е, учесниците на логорувањата да разменуваат штампа помеѓу себе, како и литература. Во попривлечните обичаи е тоа што по добро завршена некоја смотра или логорување, на последниот логорски оган, организаторот да подели помеѓу логорувачите “Билтен на логорувањето”, во чија содржина обавезно влегуваат и сите податоци за секој поединец кој учествува на логорувањето… Во содржинта на Билтенот секако влегуваат и други податоци, како на пр. вкупниот број на учесници, содржините што се обработувале, резултатите што се постигнати итн.

67. СВЕЌИ НА ЗАТВАРАЊЕТО
Вечниот оган го палиме на почетокот на секое логорување. Кога го затвараме логорувањето, вечниот оган го гасиме на свечен начин. Со тој чин симболично се огласува крајот на логорувањето. На поголемите смотри пак организаторите го затвараат логорувањето на поинаков начин. Последниот ден од официјалниот ден на логорувањето, секој логорувач со себе носи мала свеЌа. Пред тоа се гаснат сите светла во логорот и на зборното место. На знак на организаторот, сите логорувачи ги палат свеќите и така сите заедно го затвараат логорувањето. На тој начин, се покажува единството на организација. Од друга страна пак, секој логорувач  се чуствува како еден дел од големото семејство.

68. ДЕЖУРЕН ВО КУЈНА
Дежурството во кујна има посебна убавина. Дежурниот може многу корисни работи да научи при своите дежурства. Ако ништо друго, таму ќе се научи да ги мие садовите, ќе се научи исто така, на ред и чистота, а и за важноста на хигиената. Пред се ќе се научи колку работата во кујна може да биде напорна.

69. НОЌНИ ДЕЖУРСТВА – СТРАЖАРИ
Нив ги имаме, пред се поради сигурноста и безбедноста на логорот. При овие дежурства логорувачите се менуваат на секои два часа, а стражарењето почнува при објавувањето на повечерје и трае се до утрото и станувањето на логорувачите. Но, секако сигурноста на логорувачите не е единствената причина за ноќните дежурства. Ноќта, како што знаеме има моќ – да ги плаши луѓето. Затоа во секоја смена од дежурството се изменуваат по двајца извидници. По паѓањето на команда за спиење, дежурните проверуваат дали огинот е изгаснат, внимаваат на непожелни гости, а додека последната смена мора да ги разбуди куварот, дежурниот на логорот, дежурниот во кујната и економот, а и сите други кои се потребни за логорот правилно да функционира.

70. ДЕЖУРЕН НА ЛОГОРОТ
Водачот на логорувањето има одговорна позиција. Ако би ги кажале сите негови одговорности, сигурно би требало да направиме список од околу седумдесет. Затоа, на водачот на логорувањето му помагаат дежурните во логорот. На тој начин, непосредно се образуваат нови кадри за работа во логорите и за организирање на логорскиот живот. Водачот на логорувањето и дежурните во логорот си ги делат должностите, ако сакаат добро да го водат логорскиот живот, а ги имаат навистина многу.

71. ДЕЖУРСТВО НА ВЛЕЗОТ

Некои поголеми логорски населби имаат на влезот дежурен логорувач. Во логорите тоа е редовен обичај. Дежурниот се грижи за гостите, ги запишува сите што влегуваат и заминуваат итн. Без дозвола никој не смее никаде да замине.

72. ДЕЖУРНИТЕ СЕ ВО УНИФОРМА
За сите дежурни во логорот важи, дека морат да бидат облечени во униформа, односно. Тоа важи и за дежурниот на денот, кој се грижи за гостите. Дежурниот го пртставува целиот логор, затоа треба да биде уреден. Не е ни најмалку сеедно, кој и како се грижи за гостите.

73. СРАЖАРИТЕ ПО ИЗВРШЕНАТА СТРАЖА

Стар обичај е, а кој се почитува и во другите организации кои имаат стражари, е дека ноќните стражари смеат да одспијат еден час подолго од останатите. Тоа е посебна привилегија за ноќните стражари. Одморот ќе им овозможи да бидат доволно способни за активностите кои се предвидени во текот на наредниот ден.

74. ПАГОДА (огниште)
Еден од најпознатите видови на огништа е пагодата. Групата логорувачи кои го припремаат огништето, мора да се погрижат добро да ги наредат дрвата, за да може оганот што е можно подолго и поубаво да гори. Слабо поставено огниште  е срамота за тие што го поставиле. Оганот го палиме само со кибритче и не употребуваме хартија или други средства кои го поттикнуваат горењето.

75. ПОЗДРАВ НА ОГАНОТ
“Пламен се дига” е стара извидничка песна која ја пееме, кога оганот го достигнува врвот на огништето. До тогаш пак, сите стоиме во потполна тишина покрај огништето, кое го пали некој гостин или заслужен логорувач. Откако ќе ја испееме песната целосно, старешината ги поздравува сите присутни, тие отпоздравуваат и потоа сите седнуваат наоколу.

76. ПРОГРАМА ОКОЛУ ЛОГОРСКИОТ ОГАН
Програмата околу логорскиот оган не ја припремаме посебно. Настапите се изменуваат наизменично, а песна може да се запее помеѓу секој настап. Песната следи после некој скеч, натпревар, претставување, прикажување итн.

77. ТИВКИ СКЕЧЕВИ “МИМИКА”
Стар обичај е, постарите да си дозволат новини со најразлични скечеви. Најзанимливи, а можеби помалку познати се тивките скечеви, односно мимиката. Скечеви, при кои оние што настапуваат не проговоруваат ни збор, или пак само неколку, траат по неколку часови, а може и во текот на цела вечер. Тоа е посебен обичај кој вреди да се одржи.

78. ТЕМАТСКИ ЛОГОРСКИ ОГНИШТА
Тематската програма при логорскиот оган е посебност, која се одржува веќе подолго време. Првата логорска вечер е по обичај за запознавање. Така секој логорувач се претставува, ги кажува своето име и презиме, возраста, колку време членува во  организација, каква функција обавува… На тој начин сите се запознаваат меѓусебно донекаде. За најмладите пак, тоа е прв чекор кон јавното настапување, кој им помага да го совладаат стравот.

79. ПРИЕМ НА ВЛЕЗОТ
Во логорот не смее да влезе никој, кој не престојува во него. За тоа се грижи дежурниот на влезот. Должност на дежурниот при влезот е да при секое пристигнување на гостин, го извести старешинта на логорот. Неочекуваниот гостин пак, го сместуваме како и секој друг гостин, кој сака да го разгледа и запознае логорот, да посети некој од логорувачите или пак има некоја друга желба.

80. ГРИЖА ОКОЛУ ПОВИКАНИТЕ ГОСТИ
Гостите ги покануваме да дојдат во логорот во одредено време. Облечени во униформи ги пречекуваме на влезот со леб и сол. Ги поздравува старешината на логорот и ги води во просторот, одреден за гостите.

81. БЕСПЛАТЕН ДЕН
Обичај е  кој доаѓа во посета, може и треба да помине еден бесплатен ден во логорот. Тој обичај е одржан и кај нас. Секако, тоа важи само за активните логорувачи,  а никако за некој друг. Бесплатниот престој, кој гостинот секако го заслужил, е и прастар македонски обичај и знак на гостопримливост. Таква гостопримливост познаваат и другите во светот. За жал, тешките материјални услови за работа и самофинансирање не присилуваат кон штедење. Но, ако штедиме на храна не би требало да имаме некои поголеми проблеми.

82. КНИГА НА ВПЕЧАТОЦИ
На логорувања, како и на позначајните средби, имаме посебна книга за гости. Гостите во неа ги запишуваат своите впечатоци, забелешки, предлози итн.

83. ПОСЕТА НА РОДИТЕЛИТЕ
Обично логорувањата се организираат далеку од местото на живеење, па родители би можеле да дојдат во посета. Такви посети не се баш добредојдени, затоа што го нарушуваат постојаниот логорски живот, но сепак мораме да сметаме на нив. За да спречиме појава на поголеми проблеми, за посета ги одредуваме ден недела или празник. Прецизно го наведуваме и времето на посета.

84. ПОДАРОЦИ
За секој гостин, кој ќе не посети, наменуваме симболичн подарок. Затоа, затоа имаме секогаш припремени билтени за работата  или весникот на логорот. Можеме да изработиме и некои посебни подароци. За таквите подароци, кои можат да ги изработат самите логорувачи, наШите гости ќе се радуваат и би можеле да ни се оддолжат на свој начин.

85. ИЗЛЕГУВАЊА ОД ЛОГОРОТ
Логорскиот живот бара одреден ред. Затоа, негов составен дел се и разни обичаи, одлуки па и забрани. Една од најважните забрани во логорскиот живот, е таа, која не дозволува самоволно излегување од логорот. Излегувањата ги одобрува само старешината или оној, кој кој добил овластување од него. Потребно е излегувањата да ги има што помалку. Секако, не мислиме овде на организираните излегувања, кои сме ги планирале, при кои ќе ги разгледуваме околните места, ќе присуствуваме на некоја прирдба, прослава и слично.

 

 

… продолжува

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*