Годините поминати во природа, големиот број на логорувања, престои во природа, биваци, хајкови беа мој мотив да ви презентираме многу идеи кои што ќе го направат логорувањето, забавно, интересно, безбедно и на крај незаборавно . Ви преставувам 101 идеја со кои пред се ќе го подобриме нашиот живот при логорување. Критериумите за избор на идеите, се можеби повеќе субјективни и не ни беше тешко да се одлучиме, затоа што некои од идеите се нови, а некои можеби стари. Некој ќе ви се причинат одлични, а некои досадни. Идејата ни е не да Ви дадеме “рецепти” за логорување, туку да Ве мотивираме да размислувате повеќе околу Ваши замисли. Ако се отргнеме од стандарните програмски рамки, ќе видиме дека ќе ни се отворат сосема нови хоризонти. Пробајте некои од овие идеи и ќе се изненадите колку креативно и интересно ќе го исполните вашето време додека сте на логорување.
Па да започнеме ….
1. УТРИНСКА МЕДИТАЦИЈА: Половина час на почетокот на денот медитирање, читање поезија, проза, слушање музика (несекојдневна, ориентална, етно, духовна) интерактивни игри (меќусебе) е добар вовед во новиот ден.
2. БИБЛИОТЕКА: Може да биде навистина убаво и корисно за сите нас, доколку на логорувањето организираме мала библиотека, која ќе содржи балетристика, извидничка литература и дневен печат.
3. ПЕСНАРКА: Песни од 10 до 15 кои ќе се пејат на логорувањето, а одбрани од учесниците на самото логорување.
4. ДНЕВЕН ВЕСНИК: Се изработува на огласна табла, а ќе ги содржи сите информации за работниот ден (не само она што сериозно сме го изработиле, туку и некои не секојдневни случки).
5. АМБЛЕМ НА ЛОГОРУВАЊЕТО: Рачно изработен од секој учесник на логорот, а потоа истиот го пришива на униформата.
6. ЛОГОРУВАЊЕ СО МИНИМАЛНА ОПРЕМА: На логорување земаме со нас само вреѓа за спиење и нож, а се останато што ни е потребно го изработуваме на самото место.
7. ПРИРАЧНИК НА ВОДАЧИ: Би било подобро ако на водачите однапред би им се дала комплетна програма за текот на логорувањето, со дневен ред, налози за водачите, јеловник и други потребни информации. Таков прирачник е можно да се спои со дневниот весник на логорувањето (огласна табла).
8. МОДНА РЕВИЈА: Можеби за некој застарена идеа но сепак омилена најмногу помеѓу нашите помлади членови. Тие уживаат во измислување на модели и кроеви, во пронаоѓање на модни детали. На тој начин се развива и нивната досетливост и истрајност, а секако тоа е и убав спомен.
9. РАЗЛИЧЕН ДЕН: Навистина мислам дека, различните денови не се се што би знаеле да припремиме. Но, еве некои други идеи: ден на витезите (изработуваме оклоп за витезот, организираме витешки турнир, се однесуваме како во среднит век), ден на гусарите, јапонски ден, антички ден, ден на Банту црнците итн…
10. РАЗГЛЕДНИЦИ ЗА СПОНЗОРИТЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ: Би можеле да ги развеселиме сите кои ни помогнале во реализацијата на логорувањето, со рачно изработена разгледница и со потписи од сите учесници на логорот. Таков потез може да ни биде од голема понатамошна корист, а таа разгледница би можела да биде изработена во некоја необична и несекојдневна форма (на пример, од сува, отпадната кора од дрво) …
11. СКЕЧЕВИ ПО МЕНИ: Припремаме десетина скечеви, на десет или помалку начини, на кои тие скечеви би се играле (весело, тажно, супер брзо, нарцисоидно, роботски, пијано итн.) Играчите имаат на располагање една минита да се договорат, а потоа мора да го одиграат. Задачата е навистина тешка, а резултатот зависи од способноста за импровизација. Можеме да ја олесниме на тој начин што, најнапред ќе ги поделиме улогите, а учесниците, секој посебно, ќе ги “простудираат” сите можни изведби. Секако, колку помалку можности ќе бидат понудени, толку подобро ќе се одиграат скечовите.
12. СКИЦА НА ЛОГОРОТ И ОПИС НА ОКОЛИНАТА: Попис на можностите кои ги овозможува околината и изработка на скица на логорот. Такви податоци се навистина важни за генерациите кои доаѓаат, а можат да им бидат од корист и на други луѓе. Можете ли да си препоставите дека во рок од неколку месеци или една година, би можеле да имаме каталог од 100 квалитетно изработени скици на простори за логорување, па така секој да може да си одбере каде ќе логорува.
13. ЧАС НА ТИШИНА И СТРОГ ОДМОР: Еден час одмор во текот на денот (по договор), може да биде навистина корисен, а доволно е само тивко зборување и мирни игри. Најдобро да е означи (звучно), почетокот и крајот. Нема да верувате, успева. Водството на логорот ќе биде презадоволно, а и самите учесници.
14. ВРЕДНУВАЊЕ НА ИЗМИНАТИОТ ДЕН: Навечер, пред легнување, учесниците се собира во еден шатор и заедно со водачот разговараат за изминатиот ден. Некој посебен повод за таквото собирање и не треба да има. Важно е да се разбуди интересот кај членовите на размислување (што било добро, а што не; што посебно им се допаднало…), а при таквиот разговор, ќе се смират и најнемирните духови. Кај членовите од патролата ќе се развие мегусебна доверба, а секој ден од логорувањето ќе добие на вредост и спомен.
15. КОНЦЕРТ: Во вечерната програма на логорувањето, се организира концерт на моментално најслушаните радио хитови, а изведувачите сами прават инструменти, се одбираат танчерите и пеачите. Песните е можно да се изведуваат во живо или на плејбек. Еден вид, караоке забава.
16. ХРОНИКА НА ЛОГОРУВАЊЕТО: Хрониката не мора да ја води исклучиво секретарот, за себе и за архивата, може слободно да се дозволи на една до две страни, самите учесници на логорот да ги запишат своите впечатоци.
17. ЛИСТА НА ИГРИ: На водачите на логорувањето ќе им се олесни многу, ако пред почетокот на логорувањето им се доделат “листи” на опишани игри, кои се погодни за општа забава, пригодни за возраст на логорувачите.
18. ЛИГА НА ДРУШТВЕНИ ИГРИ: Може да се организира лига на повеќе друштвени игри (шах, табла, јамб, карти), која би започнала на ниво на групи, а би се завршила со јавно финале. Организацијата на лига на друштвени игри може да го пополни слободното време на секое логорување.
19. КАПИЈА НА ЛОГОРОТ: Секој логор има своја капија. Таа може да биде различно изработена, а претставува предворје на логорот. На секој, кој ќе го посети логорот важен му првиот впечаток, па затоа би требало капијата да биде убаво уредена. При поставувањето на капијата треба да пазиме дрвените елементи да бидат цврсто закопани. Ниту јак ветер да не може да им наштети. А секоја капија може да има и друга функција како на пример: стражарница, мост, столб…
20. НАТПИСИ НА КАПИЈАТА: На капијата на видно место го запишуваме името на групата, патролата (одредот) кој логорува и местото од каде доаѓа. Натписот исто така е добро да го содржи и знакот (амблемот) на организаторот. Исто како и самата капија, мораат и сите натписи да бидат добро прцврстени.
21. ОГРАДА ОКОЛУ ЛОГОРОТ: Просторот за логорување го оградуваме со материјал од природно потекло (суви гранки, јажиња). Оградата е составен дел од еден логор, а со поставувањето сакаме да го обележиме просторот за логорување само симболично. Влегувањето во логорот и онака треба да биде само преку капијата, а кој оди преку оградата е недисциплиран.
22. ИМЕ НА ЛОГОРОТ:Секој логор добива свое име. Името може да потсетува на крајот (околината) во кој логорот се одржува, може да го носи името на организаторот, извидничкиот одред, патролата, клубот или било што друго што не поврзува. Името на логорот го пишуваме на влезот на логорот, крај сите други обавезни натписи. Примери за имиња на логори нема да Ви посочуваме. Оставаме на вашата фантазија.
23. ЈАРБОЛ: Коначарите од секогаш имале проблем со јарболот. Од каде да се добие смрека или ела за јарболот да биде толку висок да може да се гледа од секаде? Јарболот е посебен украс и гордост на секој логор. Ако е можно да се добие од некаде големо дрво нема да имаме проблем, а доколку не… треба да си помогнеме поинаку, можеби со некој подвижен и склоплив јарбол.
24. ШАТОРИ: Без шатори, нема логорување. Нив ги поставуваме убаво подредени, почитуваќи го земјиштето каде што логоруваме. При поставување на шаторите, главно правило е тие да бидат свртени кон јарболот. Ако е логорот развлечен или поставен помеѓу дрвја, тоа правило тешко може да се почитува. Но, сепак се грижиме шаторите да бидат правилно поставени. Во текот на целиот ден, да се убаво затегнати и уредни (чисти).
25. КУЈНА: На постојаните простори за логорување обично поставуваме полуѕидани објекти. Но, како кујна може да послужи и еден поголем шатор во кој хигиената мора да биде на високо ниво. Кујната ја поставуваме на такво место, да ветерот што може да се појави, го носи мирисот од кујната надвор од логорот. Влегувањето во кујната не се дозволува на секого, пред се од хигиенски причини. На класичните логорувања готвиме со дрва, иако можеме да користиме и плин или електрика.
26. ТРПЕЗАРИЈА:Посебен логорски објект, кој го поставуваме, доколку логоруваат поголем број на учесници. Го уредуваме на таков начин, да може да се употребува и како простор за друштвени игри, договори или како простор за едукација, предавања, слободно време. Тоа е објект кој го употребуваме за различни намени.
27. ТОАЛЕТ или ВЦ: Уредена логорска парцела, не е во функција без санитарен чвор. Овој санитарен чвор, не мора да го нои името тоалет, одговараат исто така и могу други духовити имиња. Примери: Венеција, Слаткара, Холивуд, Кино, Чајџилница… Тоалетот може да се “крсти” и по оној кој ја одржава неговата хигиена, во негова чест.
28. ТОАЛЕТНА РАМПА: Неколку метри пред тоалетот изработуваме и поставуваме логорски патент, еден вид на рампа. Таа покажува, дали тоалетот е зафатен или не. Ако е рампата спуштена, мораме да почекаме. На рампата поставуваме хартија и вода за миење. За обете, изготвуваме логорски патент.
29. ЈАМА ЗА ОТПАДОЦИ: Овој логорски објект полека изумира. Него го заменуваат вреќите за смет и кантите за одлагање на отпадоци. Во јамата за отпадоци обично одлагаме отпадоци кои не сме можеле да ги изгориме или да ги употребиме на некој друг начин. Остатоците од храна е најдобро ако ги однесеме на некој мештанин кој се наоѓа во близина (да се упореби за храна за стока и сл.), а во замена би можеле да добиеме малку зеленчук, компири и сл. За јамите, каква и да нивната намена, важи правилото дека тие се нужно зло.
30. ЈАМА ЗА ПЕПЕЛ: На класичните логорувања гориме со дрва. При таквото горење останува пепел, кој мораме некаде да го одлагаме. Во спротивно, логорувачите ќе бидат сите црни од него, ветерот ќе го разнесува низ логорот или ќе го однесе во кујната. Пепелта ја одлагаме на посебно место затоа што многу често меѓу него може да се најде и жар. Ако би го одлагале во јамата за отпадоци, би можеле да предизвикаме пожар. Затоа го одлагаме во посебна јама.
Продолжува …..