Home / Индивидуални спортови / 10 совети за планинарење

10 совети за планинарење

1Ако сакате да планинарите, ако ја сакате планината, ако сакате да се движите низ пределите на недопрената природа треба да ги имате во предвид следните совети за планинарењето.
1. Вашите цели, активности и амбиции да бидат соодветни на вашата кондиција и здравје. Претерувањето може да биде опасно
2. Храната да биде богата со комплексни јагленохидрати и многу течности
3. Алкохолот е штетен, ги намалува психофизичките способности, а во опасни ситуации може да ви даде лажна сигурност и со тоа да ви го загрози животот
4. На почетокот одете бавно додека се загрее телото. Кога одите по угорница, колку е пострмно одете толку поспоро
5. По секој еден час одење правете пауза за да се одморите и конзумирате мали количини храна и течности
6. Ако почуствувате замор и исцрпеност одмарајте подолго, а доколку состојбата со заморот не се промени, прекинете ја турата. Секогаш имајте на ум дека треба да имате доволно енергија да стигнете до крајот на предвидената тура
7. Планинарството е полезно за сите возрасти, па и за оние со нарушено здравје, меѓутоа во консултација со матичниот лекар
8. Над 2500 – 3000м нмв , зголемувајте ја висината не повеќе од 300м на ден. Доколку е можно не ноќевајте на највисоката точка до која сте стигнале, заради аклиматизација
9. НИКОГАШ не заборавајте да ставите во ранецот: очила за сонце, светилка, капа, ракавици, резервна облека
10. Пред тргање обавезно побарај информации од искусни планинари или домарот во планинарскиот дом за маршутата и опасностите со кои можеш да се соочиш

Никогаш и никаде не оди сам и обавезно извести го домарот и пријателите за насоката и времето на движење

Работен едукативен материјал од работилницата “Планинарење“ организирана при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес организирана од М. Малинов и З. Здравковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*