Home / Спортски настани / Џеси Овенс- спортски симбол за борба против расизмот

Џеси Овенс- спортски симбол за борба против расизмот

Dzesi2Џеси Овенс (James Cleveland “Jesse” Owens) е роден на денешен ден на 12.9.1913 год. Тој беше американски атлетичар кои беше запеметен по својот четирикратен триумф на ЛОИ во Берлин 1936, со што тој обезбеди статус на прва ѕвезда на игрите. Неговиот тогашен спортски дух, а збогатен со  големиот успех на Берлинските ЛОИ во 1936 предизвика големи политички конотации и тоа пред почетокот на втората светска војна и од него создадоа голем спортски мит.
Тој стана симбол на пркосот кон нацизмот и симбол за борба против расизмот со кои се соочувал на секој чекор. Во текот на студирањето додека патувал со екипата на својот колеџ, тој морал да патува во вагон и да спие во хотели наменети за црнци. Во негова чест, за него не бил организиран прием во Белата куќа, а не добил ни телеграма за поддршка од тогашниот американски претседател, што било традиција со која се оддавала чест на американските спортисти кои биле освојувачи на златен медал на значајни натпреварувања. Атлетскиот сојуз на САД организирал прием во негова чест во еден хотел но Џеси Овенс до слата каде бил приемот морал да пристигне со теретниот лифт, затоа што нормалниот лифт бил наменет за белците. Умре на неполна 67 годишна возраст од рак на белите дробови на 31 март 1980 година во Тусон – Аризона, а беше погребан е во Чикаго во сојузната држава Илиноис.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*