Спортскиот тренинг е една чиста вистина во денешниот свет на лаги и измами. Затоа што ако сакаш конкретен резулат и ако сакаш да опстоиш, мораш да работиш искрено и без фолирање, глумење и лажење. Затоа што само со труд може да постигнеш резултат, никако поинаку. Тренингот не е на продажба, неможе да се купи, не може да се добие на “финта“, или пак да се добие со измама, да се добие со приказни или пак преку мама и тато или пак преку врска, а најмалку на “лепе очи“ или пак нешто слично. Само со своја лична макотрпна работа, доаѓаш до резултат и со тоа покажуваш дека имаш вредност и да имаш знаење да се бориш и да истраеш. Многумина веруваат во тоа дека работникот се раѓа, но вистината е нешто друго. Победникот го краси работата, трудот, одрекувањето, желбата, вербата и упорноста. Вистина е дека патот до врвот е посеан со трња. Има многу препреки, заплеткувања, падови и ако не веруваш во себе никогаш нема да станеш победник. Победник не е оној кој не паднал, ниту пак губитник оној кој паднал. Правиот победник е оној кој после секој пад се подигнал и продолжил понатаму. Верувајте во себе, затоа што само така можете да успеете …