Home / Индивидуални спортови / Боречки спортови / Рекреирајте со Фит боксот

Рекреирајте со Фит боксот

mare-boksСакате да рекреирате, да ја зголемите вашата физичка подготвеност тогаш можете  да ја совладате  техниката на една форма на  рекреативен бокс и за кратко време да стекнете одлична кондиција и да ја исфрлите од себе негативната енергија, а тоа е –  ФИТ БОКС. Што всушност означува фит-боксот? Неговото име е кратенка од Fitness Boxing, а во последните неколку години неговата популарност значајно порасна. Идејата потекнува од фитнес тренерите, кои со бокс се занимавале професионално или рекреативно и пробале да ги пренесат неговите бенефиции на рекреативците.  Познато е дека боксерите се кондициски исклучително подготвени спортисти, со оглед на тоа што нивните тренинзи се многу напорни. Но, кога целта не ви е да бидете боксер кој ќе се натпреварува, туку рекреативец доведен во одлична форма, тогаш вашиот тренинг всушност станува фит-бокс. Само неколку тренинзи му се потребни на почетникот да ја совлада основата на боксерската техника, односно правилно да зададе удар во вреќата или фокусерот.  Навистина е одлично кога после напорниот ден полн со работни и домашни обврски, својата напнатост и негативна енергија ќе ја исфрлите на овој начин. Уште една одлична околност е што оваа техника е пригодна за секоја возраст и пол. Денес во центрите за вежбање фит бокс тренираат мажи и жени, од секоја возраст и профил и изгледаат одлично. Секако, пристапот и интензитетот на вежбање е исклучиво индивидуален. Се работи на техниката на ударите, популарниот „shadow boxing“, потоа вежби со вреќи и фокусери, вежби во парови, а според афинитетот и нивото на адреналин, тука е и спарингот, кој не е задолжителен. Еден фит-бокс тренинг ги содржи следните четири елементи: загревање; кружно-интервален дел (разновидни вежби кои се прават без одмор и бараат поголем напор, а се стекнува одлична кондиција и сила); фит-бокс дел (се совладува техниката на ударите со раце и нозе) и на крајот следи истегнување на целото тело, со фокус ставен на нозете и рацете

Придобивки од  од фит-боксот:
– подобрена функцијата на срцето и белите дробови и намален ризик од срцеви заболувања;
– оформени и тонирани мускули од клучните мускулни групи;
– подобрена координација на телото и агилност;
– зајакнати коски;
– подобрено држење, сила и стабилност.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*