Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, оваа година започна да се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт. Федерацијата на училишен спорт на Македонија го изготви овој проект со основна цел да се унапреди училишниот спорт со зголемување на бројот на ученици вклучени во спортските активности и системот на натпревари во учебната 2017/18 г. Во рамките на овој проект во Велес на се реалзираше меѓузонски натпревари во футсал кој се одигра на ден 1.11.2017 год. (среда) во конкуренција на средни општински училишта од Источниот регион на ФУСМ. Екипата во футсал на ССОУ “Коле Неделковски зема учество на овој прв турнир заедно со екипите на средните училишта од Куманово, Крива паланка, Св. Николе и Радовиш. Футсал екипата на ССОУ “Коле Неделковски ја предводеа наставниците по спорт и спортски активности Леонид Таневски и м-р Ангелче Гушев, кој воедно беше и делагат на целокупниот турнир. Во рамките на овој државен проект следуваат и натпреварите во одбојка кој треба да се реализираат во Источниот регион и тоа во Струмица, Крива Паланка и Велес.
м-р Ангелче Гушев