По освојувањето на третото место на Гимназијадата “Тетово 2018“ на екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, учениците и ченови на одбојкарската екипа Сашко Ангелов и Илија Илиевски од 3-6 клас се стекнаа со право на учество на “УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КАМП 2018” кој се организира под покровителство на Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, а е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
Правта смена на кампот на кој учествуват нашите ученици кој работеа под менторство на наставникот м-р Ангелче Гушев, се одржа во периодот од 25.06.2018 до 30.06.2018 во Охрид.
На кампот за одбојка се наоѓаат дваесете најдобри одбојкари во машка и женска конкуренција од средно образование кои според постигнатиот успех и пласман на Гимназијадата Тетово 2018 се стекнаа со право на учество, а сите двасет одбојкари работат под менторство на еминенти одбојкарски спортски работници од Република Македонија.