Во рамките на манифестацијата Избор на спортист на градот за 2017 година во организација на Општина Велес и Сојузот на спортови на Велес на 29.12.2017 год. (петок) на бродот “Панини“ на Велешко езеро, Училишниот спортски клуб “Коле Неделковски“ – Велес беше прогласен за најдобро училишно спортско друштво за 2017 година. Во името на училиштето Дипломата ја прим и директорот Боро Ристовски. Во оваа 2017 година учениците при училиштето предводени од Златко Здравковски, Леонид Таневски и м-р Ангелче Гушев ги има постигнато следните резултати во рамките на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојуз на училишен спорт на Велес:
– Трето место на државното првенство во одбојка (машки) во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија организирано во Прилеп во периодот 30.3. до 2.4.2017 год во СОУ “Ристе Ристевски – Ричко“
– Трето место на државното првенство во одбојка на песок (машки) во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија организирано во Скопје на 1.6.2017 год. во СОУ “Никола Карев“
– Врво место на регионалното првенство во одбојка (машки) во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија организирано во Штип на 23.2.2017 год во ООУ “Димитар Влахов“
– Прво место на општинската лига во одбојка (машки) во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од 10-15.2.2017 год. во СОУ “Гимназија Кочо Рацин“
– Второ место на општинската лига во ракомет (машки) во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од 1-20.3.2017 год. во Спортската сала Гемиџии во Велес
– Учество на државното првенство во Атлетика во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија , организирано на 5.5.2017 год. на Телеком Арена во Скопје со учениците Енис Небиовски и Дарко Илиевски кои се натпреваруваа во две дисциплини и тоа во трките на 100 метри и фрлање на ѓуле. Во дисциплината фрлање на ѓуле Енис Небиовски го освои петтото место со фрлени 8.94 метри, а Дарко Илиевски седмото место со фрлени 7.56 метри од пријавени 16 учесници. Додека во дисциплината 100 метри Дарко Илиевски го освои 8 место, а Енис Небиовски го освои 14 место од пријавени 26 учесници.
– Учество на новиот систем на Зонски натпевари – зона ИСТОК во одбојка (машки) организација на Федерација на училишен спорт на Македонија и тоа на турнирите организирани во Струмица и Велес со освојување на второ место на на овој тип натпревари во периодот од октомври до декември 2017 год.
– Учество на новиот систем на Зонски натпевари – зона ИСТОК во футсал (машки) организација на Федерација на училишен спорт на Македонија
– Капитенот на училиштата одбојкарска екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, ученикот од 4-5 клас Филип Ајдаров се стекна со стипендија за најуспешни млади спортисти до 20 години како член на Национална спортска федерација со комплексен систем на натпревари – Федерација на училишен спорт на Македонија преку Сојузот на училишен спорт на Велес
– Организирање на велосипедската тура на релација Велес – Војница – Велес, родното место на Коле Неделковски. На оваа велосипедска тура со должина од 30 километри, учество земаа 15 ученици и наставниците по спорт и спортски активности од училиштето
– Трето место на општинската лига во одбојка (женски) во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од 10-15.2.2017 год. во СОУ “Гимназија Кочо Рацин“
– Прво место на Државно првенство во стрелаштво на ученикот Ненад Антиќ со вкупно 174 бодови во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија
– Трето место на општинската лига во кошарка (машки) во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од ноември 2017 год. во ССОУ “Коле Неделковски“
– Второ место на општинската лига во футсал (машки) во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од ноември 2017 год. во Спортска сала “Гемиџии“ _ Велес
– Организирани три планинарски тури тури на релација Богомила – Папрадиште – Чеплес
– Средното училиште “Коле Неделковски“ како домакин на средното училиште “Станислав Сташица“- Новогард од Република Полска на 26.5.2017 год. (петок) организираше спортски натпревари помегу учениците од двете училишта. Во рамките на спортските натпревари се организираа натпревари во футсал, кошарка и одбојка.
– Училишниот спортски клуб “Коле Неделковски – УЗУС“ во организација на Сојузот на училишен спорт на Велес во соработка со Општина Велес на 11.5.2017 год. (четврток) со 50 ученици учествува на ОТВОРЕН СПОРТСКИ ДЕН на град Велес.
– Во рамките на посетата на гостите од Република Франција, која брои 43 лица од кои 38 се ученици, 3 наставника, претставник на Родителскиот совет и претставник на Педагошко психолошката служба на училиштетот со кое Општина Велес е директно збратимена, на 16.3.2017 год. (четврток) во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес се организираа и спортски натпревари во кошарка помегу ученици од Машинската струка , образовен профил Индустриски котли со средното стручно училиште Lycée Alexis de Tocqueville Académie de Caen Cherbourg Octeville од Шербур Ен Контантин (Cherbourg-en-Cotentin) Нормандија, Р.Франција и учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ од нашиот град.