Во 1961 година е родена една од најголемите спортско гимнастички легенди – Надја Команечи. Нејзиниот прв настап на Олимписките игри во Монтреал е еден од највпечатливите случувања воопшто во историјата на овој спорт, а особено на ЛОИ Монтреал 1976. Таа тогаш имаше само 14 години. Нејзината вежба на двовисински разбој беше извежбана совршено, за што добива чиста десетка. Во текот на натпреварите во спортска гимнастика на ЛОИ Монтреал 1976 Надја команечи остварува вкупно седум чисти 10,00 на различни гимнастички спарави. Доста интересно за неа е, кога семафорот во спортската сала не може да ја покаже оценка 10,00 (највеќе можело да се регистрира 9,99) па кога Надја ја напуштила справата и го погледна семафорот на него било испишано 1.00, со што беше доста разочарана. После некое време сватила всусшност за што станува збор.
На отварањето на ЛОИ во Атланта во 1996 година лесно потрчуваше и со гордост влезе на Олимпискиот стадион, а тоа е Леон Штукељ роден 12.11.1898, а почина на 8.11.1999. Во на ЛОИ Атланта имаше 98 години и беше нај стариот жив носител на олиписки медали. Има освоено 6 ок кои се три златни. Учествувал на ЛОИ од Париз 1924 до Берлин 1936.
проф. Ангелче Гушев