Home / Стручни Теми / Спортот во современиот свет

Спортот во современиот свет

Значајна социолошка промена која се однесува на односот кон спортот, која денес во голема мера е насочена кон задоволувањето на потребата за лична или колективна афирмација. Од елементарната (не)можност да се учествува во одреден спорт, преку мотото на Кубертен „Важно е да се учествува“, таа трансформација денес завршува со мотото “Важно е да се победува“, кое се повеќе се базира на залагањата и барањата за достигнување високи и врвни резултати и постигнување победа. Основен принцип во спортот станува друг вид селекција – навремен избор на талентирани и нивно потчинување на долгогодишен процес на специјални и напорни подготовки. Спортот во современиот свет се повеќе станува сфера за меѓународен престиж, а за потребите на тој успех, за среќа, не е важна ни половата ни расната припадност на спортистот, ако тој земјата или тимот ги доближи до таа цел.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*