Со фудбалски натпревари помеѓу имагинарни европски екипи создадени од средните училишта во Велес, средби со младите и презентација на 6 европски земји, во Велес на 9.5.2018 год. (среда) беше одбележан Денот на Европа 9ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Активностите по повод Денот на Европа беа поддржани од Општина Велес и ЕУ инфо точката во Скопје. На фудбалскиот турнир победи екипата на Гимназија “Кочо Рацин” кои ги бранеа боите на Романија.
м-р Ангелче Гушев