На 19.10.2016 (среда) во салата на Општина Велес, за наставниците по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности од општините Велес, Чашка, Лозово, Градско, Гевгелија, Дојран, Богданци, Струмица, Босилово, Ново село, Василево, Штип, Карбинци, Радовиш, Конче и Валандово беше организиран семинар на тема ,,КОНТИНУИРАНО УСOВРШУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ПО ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, ОСНОВА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО НАПРЕДУВАЊЕ – I ФАЗА (2016-2020)”.
Семинарот беше ортганизиран од страна на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за физичкo образование, спорт и здравје во соработка со Федерацијата на училишен спорт на Македонија и под покровителство на Владата на Република Македонија, Агенцијата за Млади и спорт на Р. Македонија и Mинистерството за образование и наука – Биро за развој на образованието,
На семинарот ќе се реализираат следниве теми :
1. Планирање на наставата по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности;
2. Проверување и оценување на постигнувањата на учениците во наставата по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности;
3. Водење на ученичко досие;
4. Училишен спорт.
Пред почетокот на семинарот беше одржана и средба со директорите и наставниците по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности од ООУ и СОУ во Велес на тема “Функционирањето на училишните спортски клубови“. На оваа средба учество земаа претседателот на Федерација на училишен спорт на Македонија проф. д-р Александар Туфекџиевски, Деканот на Факултетот за физичкo образование, спорт и здравје проф. д-р Ленче Алексовска-Величковскаи советникот при Бирот за развој на образованието на РМ, Мустафа Алиу. На оваа средба се разгледаа сите недоразбирања кои се појавуваат при функционирањето на училишните спортски клубови во училиштата. На средбата се разгледаа и сите насоки на функционирање на клубовите.
Презентации на семинарот:
kontinuirana-edukacija-na-nastavnicite
prezentacija-seminar-2016prezentacija-seminar-2016
м-р Ангелче Гушев