Home / СУС Велес / Ракометарите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ први на зонските натпревари

Ракометарите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ први на зонските натпревари

На 23.12.2025 год. (вторик) во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализираше лигата во ракомет (м) за средно образование во рамките на Зона Велес. Натпреварите се одиграа во спортската сала Цар Самоил во Св.Николе.

Ракометната екипа на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ Велес

Во финалните натпревари се сретнаа ракометните екипи на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес и СОУ “Кочо Рацин“ од Св.Николе. Подобра беше ракометната екипа на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ која што победи со 26:21 (13:7). Со ова ракометната екипа на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ продолжува на регионалните натпревари.

За екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес играа: Марко Цековски 3-7, Давид Ристов 2-7, Филип Велковски 3-10, Лука Станковски 3-7, Давид Стојановски 3-10, Леон Ристов 4-1, Димитар Пецев 3-1, Борјан Вељановски 2-3, Андреј Зафиров 2-10, Стефан Стојанов 2-7, Оливер Ангелов 3-1 и Огнен Кузманов 2-3 клас.

Екипата ја предводеше наставникот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*