Home / Спортски настани / Пред почетокот на европското ракометно првенство

Пред почетокот на европското ракометно првенство

Европското ракометно првенство во Хрватска  кое што ќе следи ќе биде доста неизвесно.  Хрватска заради домашниот терен е фаворит.  Лино како стар волк се врати да освои медал кои му недостасува.  Но сметам дека неговото време е поминато. Хрватскиот ракометен сојуз му дозволи да ја води репрезентацијата само како награда за се што има сторено до сега за Хрватска. Тука се Франција, Германија, Норвешка, Данска, Шпанија.  Словенија тешко да ја повтори бронзата. Србија има добра екипа предводена од Ј. Цветковќ, може да извлече максимум. Тие отвараа со Хрватска. Македонија како и досега влегува еуфорично, што е и нормално. Македонија влегува во трка за успех со постара генерација на играчи. Крилата ни се ок, во бековскиот дел се наметнуваат Талевски и Кузмановски, потпомогнати од Миркуловски. Десната страна која е резервирана за Кире Лазаров е дефицитарна. Колку би можел Кире да го издржи првенството со тоа темпо кое се наметнува. Пласманот во вториот круг е успех и тоа е супер успех. Црногорците се млади и имаат добри играчи. Од нив следат изненадувања предводени од се подобриот Борозан.

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*