По предходна анализа на позитивни споменувања, како и од екстерна анализа од аспект на услужливост и доверба, гаранција за квалитет на услугите кои ги испорачува Здружението Центар за Кинезиологија Велес и неговото позитивно пристапување во соработка со трети лица ова здружение се стекна со “Сертификат за квалитет IASS 2019 : 2021“.
Со овој сертификат здружението Центар за Кинезиологија Велес докажа дека во целост го оправдува своето постоење во делот на развојот на спортската технологија и развој и афирмација на кинезиолошките активности во Велес и државата. Овој сертикат е и доказ за квалитетното работење на м-р Ангелче Гушев како творец на ова здружение, а воедно и квалитетното работење на овој веб сај www.kineziologija.mk како единствен ваков спортски портал во Велес и Република Македонија
Воедно со овој Сертификат се стекнавме и со баркод (технички наречен QR Code) кој може да се скенира и да веднаш да се има пристап до издадениот и верифициран сертификат на нашето здружение.
м-р Ангелче Гушев