Во организација на Сојуз на училишен спорт – Велес, од почетокот на месец ноември започна општинската лига – одбојка (машки) во која што учество земаа сите четири средни училишта од Велес. Натпреварите се организираат во салата на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, а оваа година за организацијата на општинската лига одговорен е м-р Ангелче Гушев. Најдобриот од општинските натпревари, ќе продолжи да се натпреварува во рамките на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и тоа на натпреварите од регионален и зонски карактер, а победниците од зонските натпревари ќе земат учество на Гимназијада 2016 која ќе се организира во Куманово во месец мај 2016.