Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција.
После одигрувањето на првиот турнир кои се одржа на 26.03.2018 год. во Велес во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“, на 4.4.2018 год. (среда) се одржа и вториот турнир на кој што учество земаа петте најдобри екипи во Република Македонија и тоа: СОУ “Никола Карев“ – Струмица , ДУФК “Методи Митевски – Брицо“ – Скопје, ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, СОУ “Зеф Љуш Марко“ – Скопје и СОУ “Наум Наумовски Борче“ – Крушево. Домакин на вториот турнир беше ДУФК “Методија Митевски – Брицо“ од Скопје каде што се орджа турнирот. Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес го освои третото место на ниво на држава во рамките на ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА.
Првото место го освои ДУФК “Методи Митевски – Брицо“ од Скопје , а второто СОУ “Никола Карев“ од Струмица. Училишната екипа на ССОУ“Коле Неделковски“, работи под менторство на професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев.