Home / СУС Велес / Одбојкарите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ втори на регионалните натпревари

Одбојкарите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ втори на регионалните натпревари

На 2.4.2026 год. (четврток) во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализираше лигата во одбојка (м) за средно образование во рамките на регионот – Исток. Натпреварите се одиграа во ДСУ РЦСОО “Коле Нехтенин“ во Штип.

Одбојкарската екипа на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ – Велес

Во финалните натпревари се сретнаа одбојкарските екипи на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес и СОУ “Н.Н.-Борче“ од Пробиштип. Подобра беше одбојкарската екипа на СОУ “Н.Н.-Борче“ од Пробиштип која што победи со 2:0 во сетови (25:21 и 25:19). Со ова одбојкарската екипа на СОУ “Н.Н.-Борче“ – Пробиштип продолжува на државните натпревари. Трета беше екипата на СОУ “Наце Буѓони“ – Куманово.

Одбојкарската екипа на СОУ “Н.Н.-Борче“ – Пробиштип

За екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ -Велес играа: Давид Николов 4-5, Дарко Жабев 4-4, Драган Ставрев 3-1 Петар Неделчев 4-3, Матеј Амбарков 3-7, Лука Панов 3-8, Кристијан Коцевски 2-8, Павел Димовски 1-1, Стефан Димовски 2-8 и Бојан Анишиќ 4-4.

Одбојкарската екипа на СОУ “Наце Буѓони“ – Куманово

Екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ – Велес ја предводеше наставникот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*