На 22.12.2025 год. (понеделник) во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализираше лигата во одбојка (м) за средно образование во рамките на Зона Велес. Натпреварите се одиграа во ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ во Велес.

Во финалните натпревари се сретнаа одбојкарските екипи на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ – Велес и СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ – Велес. Подобра беше одбојкарската екипа на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ која што победи со 2:0 во сетови (25:21 и 25:17). Со ова одбојкарската екипа на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ продолжува на регионалните натпревари.

За екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ -Велес играа: Давид Николов 4-5, Дарко Жабев 4-4, Драган Ставрев 3-1 Петар Неделчев 4-3, Матеј Амбарков 3-7, Лука Панов 3-8, Павел Димовски 1-1, Стефан Димовски 2-8 и Бојан Анишиќ 4-4.

Екипата ја предводеше наставникот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев.

Kineziologija.mk кинезиолошка едукација , кинезиолошка рекреација, кинезитерапија и спорт !!!