Home / Спортски настани / Нови правила во НБА лигата

Нови правила во НБА лигата

Раководството на најсилната светска кошаркарска лига, американската НБА, потврди дека од наредната сезона бројот на тајм-аути од 18 ќе се намали на 14 или ќе има по седум за двете екипи. Времетраењето ќе биде унифицирано на 75 секунди и нема да има долги (90 секунди) и куси (60 секунди). Во секоја четвртина ќе има задолжително по два тајм-аута а секоја екипа во последните три минути ќе има право да побара два тајм-аута. Воедно НБА донесе одлука да ја скрати паузата на полувремето на точно 15 минути а времето ќе започне да се мери веднаш по завршувањето на втората четвртина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*