Во организација на Федерација на спортски педагози на Република Македонија во периодот 4-5 октомври 2019 година во хотел Дрим во Струга се одржа XXII Симпозиум за спорт и физичко образование на младите. Како партнери на Федерација на спортски педагози на Република Македонија во организација на овој симпозиум беа и Агенцијата за млади и спортс, Сојуз на спортски федерации, Македонски Олимписки комитет и Здружението “Аргументум“. На овој симпозиум како учесници од страна на ССОУ “Коле Неделковски“ беа професорите Леонид Таневски, Златко Здравковски и м-р Ангелче Гушев.
Присутните на Симпозиумот ги поздрави и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Дарко Каевски, поранешниот премиер проф. Д-р Владо Бучковски и претседателот на ФСПМ , Гордан Стојчевски.
Основна тема на кој се работеше на симпозиумот беа: Состојби, предизвици и перспективи на физичкото образование, спортот и рекреацијата. Беа организирани и две работилници на следните теми:
- Основни правни аспекти на спортот
- Квалитетно физичко образование во основното образование : актуелни проблеми и можни решенија.
Со следните поттеми:
- Физичкото образование и спортот во образовниот систем
- Компетенции , едукација и професионален развој на кадрите
- Физичко образование и спорт за здрав и активен живот, активни заедници и промоција на здравјето
- Холистички пристап и учење преку физичкото образование
- Инклузивно физчко образование
- Физичка подготовка и спортот во одбраната и безбедноста
- Педагошки, психолошки и социолошки аспекти на физичкото образование, спорт и рекреацијата
- Спортско право
- Спортски менаџмент
- Спортски туризам
- Современи пристапи во спортскиот тренинг
- Спортски повреди и рехабилитација.
На овој Симпозиум беа присутни еминентни академски професори по спорт, кинезиологија и методика од Бугарија, Србија, Хрватска, Црна гора и Романија.
м-р Ангелче Гушев