Home / Видео / Корбут превртување

Корбут превртување

Podium-PicОлга Корбут е четирикратна олимписка шампионка и два пати олимписки вицешампионка. Таа сега е на возраст од  59 години. Во 1994 година е Олга беше прогласена за еден од 40 најголеми спортисти заедно со Хенк Арон, Мухамед Али, Артур Еш, Лари Бирд, Јулијус Ирвинг, Вејн Грецки, Меџик Џонсон,  Мајкл Џордан, Џо Монтана,  Боби Ор, Арнолд Палмер, Пеле, Ричард Пети, Пит Роуз ,  Нолан Рајан и други. До 1972 година, постари гимнастичари обично фокусот го ставаа на  елеганција но не наакробатика. Кај Олга Корбут акцентот беше обратен. Видео материјалот што ви го презентарираме е една нејзина победничка  вежба на двовисинско вратило која до ден денес е забранета за изведба  поради опасноста од повреди.  Вежбата во нејзина чест го носи името „Корбут превртување“. Во 1988 година, Олга беше првата гимнастичарка која е примена во Меѓународниот дом на славните гимнастичари.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*