За најдобриот играч на светот и ѕвездата на мадритскиот Реал, организација “Football Leaks“ ја откри сумата на пари кои морате да ги платите, ако сакате Роналдо да е во ваше друштво. Имено, според нивните информации, пред четири години саудиската копанија “Мобили“ платила за Кристијано Роналдо 920 илјади фунти, односно нешто повеќе од милион евра за да се појави на нивната промотивна вечера. Преставниците од Саудиска Aрабија за таа сума на пари си “купија“ четири и пол часови присуство на Кристијано Роналдо, пет потпишани дресови и добија дозвола два пати да биде споменат во своите објави на социјалните мрежи, додека пак сликите од настанот можеле да ги користат само 24 часа по завршување на случувањето.