Home / Uncategorized / Интензификација на часот по спорт и спортски активности/фзо

Интензификација на часот по спорт и спортски активности/фзо

Под интензификација на часот по ССА/ ФЗО, се подразбираат сите
оние мерки кои треба да придонесат за зголемено влијание на физичката активност на организмот на ученикот, а тоа треба да се одрази преку подобрување на психофизичките способности и спортско – техничкото образование односно создавање на квалитетен живот и активности.

На часот по ССА/ФЗО, може во целост да се третираат речиси сите димензии на антрополошкиот статус на учениците. Со тоа може да се утврдува, подобрува и да се одржува нивото на физичките (моторните) способности на учениците. Планирањето на превентивните и куративните мерки, методи и активности речиси не е можно без предходно успешно програмирање на кинезиолошката едукација во училиштата, а особено во едукативниот процес во пред училишните установи и институции. Притоа , посебно место зазема програмирањето и интензификацијат на активностите за спречување на појавата на лошото држење на телото кај учениците и остранувањето на нивните телесни деформитети. Центарот за Кинезиологија Велес, ви ја преставува во целост презентацијата на оваа тема која можете да ја видите тука: https://kineziologija.mk/wp-content/uploads/2019/11/Intenzifijakacija.pdf

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*