Капитенката на женската фудбалка екипа на „Борец“ и стандардна репрезентативка која ја надмина бројката од 30 настапи за државната селекција, играч во средниот ред, организатор на играта што поседува извонредна техника и располага со силен и прецизен удар Елма Шемсовиќ е избрана за спортист на 2021 година. Таа е од решавачка важност за успешните игри за ЖФК „Борец“ сосема заслужено го доби годинешното признание со оглед на константната форма, фер и коректниот однос за време на натпреварите. Вистински предводник во тимот. Во нејзино отсуство наградата ја прими преставник од клубот. Вкупно 64 признанија годинава се доделија на спортисти и спортски работници.
За екипа на годината 2021 е прогласен ГОК „Борец“ кој во годината што е зад нас го освои 4-то место и беше учесник за плејофот за разигрување на државен првак. На второто место е кајакарскиот клуб „Бабуна“, а на трето место е ЖФК „Борец“. Во младите категории и оваа година кајак-кану клубот „Вардар“ заслужено, со оглед на постигнатите резултати, се најде на првото место. Второ место му припадна на машкиот ракометен клуб „Борец“ додека трето пласиран е карате клуб „Гладијатор“.
Тренер во сениорска конкуренција е Сашко Ванчевски од МВК „Велес“ додека за млади категории титулата ја понесе Боби Војдиновски од карате клуб „Гладијатор“.
Спортски манифестации кои оставија белег со својата одлична организација се: Ноќната атлетска трка „9-ти ноември“, Велешки пливачки маратон и Ендуро трката – Мото клуб Велес.
Признанието за издавачка дејност го добива „Центар за кинезиологија“ и професор Анѓелче Гушев автор на делото „Кинезиологијата и здравјето“.
Посебни признанија добија Тодорче Ѓорѓиев-планинар , Ангел Мицев за 60 години борење во Велес, Дарко Николов од ГОК „Борец“. Тој е најстариот играч што играл во Прва лига со преку 400 настапи во одбојка.
Горан Јовановиќ од фирмата „Хемомак“ и Иван Костов од „Кеги моби“ добија признанија за вложување во спортот.Најдобри судии арбитри се прогласени Маја Војдиновска од Карате клуб „Гладијатор“ и Бошко Нацев од Кајак клуб „Бабуна“. За прв пат годинава награди добија спортисти од Велес кои настапуваат во други градови во државата. Тоа се Горан Јовановски од „Авто Клуб Перформанс“ – Скопје, Марија Николов во ЖКК „Баскет Кам“, Ана Милованова во ЖКК „Баскет Кам“, Трајче Илиевски во Атлетски клуб „Најкран“ Скопје и Дарко Ранготов во КМФ „Проект“ Валандово.
Признанија добија 25 спортисти од најмладите категории. Комисијата зазеде став да бидат наградени со оглед на околностите по повод ковид пандемијата и на каков начин се одржуваа натпреварите во лигите и турнирите. Манифестацијата е во организација на Сојуз на спортови на град Велес и се организира по 62 пат под покровител на Општина Велес и Градоначалникот Марко Колев.
м-р Ангелче Гушев