Во конференциската сала на хотел “Романтик“ на 17.3.2017 год. (петок) се одржа редовното годишно изборно собрание на Сојуз на училишен спорт – Велес. На ова собрание учество земаа 22 професори по спорт и спортски активности од Велес. Како гости на Собранието на СУС – Велес, беа присутни и претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, проф. д-р Александар Туфекџиевски и секретарот на федерацијата Герман Боглев. На самото собрание претседателот на ФУСМ во целост даде насоко за работата на училишните спортски клубови и нивното финасирање. До кандидационата комисија на Собранието на СУС- Велес имаше поднесена само една кандидатура за претседател и тоа од досегашниот претседател , Славчо Давитковски. По неговото претставување на програмат за работа во наредниот четиригодишен мандат, се пристапи кон гласање и негов избор за нов претседател на СУС – Велес. Со дваесет и еден за и еден воздражан Давитковски беше избран за претседател на СУС – Велес, а за потпретседател беше избран проф. Љубиша Стојков, а за секретар проф. Весна Николова.
м-р Ангелче Гушев