На 13 мај 2024 год. (понеделник) во Европската куќа во Велес се организираше работилница преку која ќе да ги зајакне девојките во спортот и воедно ќе ги промовира Олимписките игри преку работилници, на кои ќе бидат претставени поранешни олимпијки како амбасадори.
Овие работилници ќе се фокусираат на развој на вештини, поставување цели и надминување на пречките, поттикнување на самодоверба и лидерски вештини кај младите спортистки.
Експертки на оваа работилница беа:
· Пулексенија Јовановска- поранешна олимпијка и тренер по карате која на оваа работилница говореше за лидерството во спортот
· Едина Муса – тренер во кошарка и фитнес инструктор која на оваа работилница говореше за начинот на исхрана и
· Наташа Мешковска – поранешна олимпијка и тренер по пливање која говореше за местото и улогата на жените во спортот.
Проектот е координиран од Спорт Соушл Солушнс и е во соработка со Француска Амбасада на Р. С. Македонија.
м-р Ангелче Гушев