Home / Спортски настани / Дали Пеле е преценет или тој навистина е најдобриот фудбалер на 20 век?

Дали Пеле е преценет или тој навистина е најдобриот фудбалер на 20 век?

peleВо рамките на овој прилог ќе ви презентираме некои факти поврзани со Пеле. Како редакција немаме за цел да го  минимизираме ликот и делото на Пеле, но сакаме да предочиме некои факти кои што покажуваат нешто друго.

1283 голови во кариерата.
Пеле има навистина постигнато  1.283 голови, но речиси половината од нив, или поточно 526 се постигнати на неофицијални пријателски натпревари. Во оваа бројка  се дури и головите постигнати  со играње на воените  натпревари  за крајбрежна стража. Официјалните податоци, велат  дека има постигна 757 гола во 812 изиграно натпревари.  Бројките се импресивни, но во тоа време имаше играчи како Fernand  Peyrote  кој постигна 331 гол во 187 настапи за Лисабонскиот Спортинг.   Импресивни се  и   постигнатите  8 гола против Ботафого,  5  против  Национал,  5  против Јувентус, но тие не се клубовите на кои веднаш помислувате  кога ќе  го слушнете името, тоа с е клубови од ниските лиги во Јужна Америка.

Пеле самиот вели дека е едно од најголемите имиња во историјата на Светските првенства, но врз основа на што?
Најмногу  пати избран во најдобриот тим на Светското првенство: Djalma Santos i Franz Beckenbauer (3)
Најмногу голови постигна на светски првенства: Ronaldo (15)
Најмногу голови постигнати во финалиња на Светско првенство: Geoff Hurst (3)
Најмногу голови постигнати на едно Светското првенство: Just Fontaine (13)
Најмногу голови во еден натпревар на Светско првенство: Oleg Salenko (5)
Најмногу одиграни натпревари на  Светското првенство: Lothar Matthaus (25)
Најмногу победи на Светското првенство: Cafu (16)
Најмногу одиграни Светски првенства: Antonio Carbajal i Lothar Matthaus (5)

Пеле има играно на четири Светски првенства, но на ниту едно не бил најдобар стрелец.
Најдобар стрелец:
195: Just Fontaine: 13 голови  (Пеле 6 голови )
1962: Шест играчи по четири голови  (Пеле 1 гол)
1966: Eusebio: 9 голови (Пеле 1 гол )
1970: Gerd Müller: 10 голови (Пеле  4 голови)
Треба да се напомене дека на СП во 1962 година Пеле и многу не играл од причина што бил повреден, а има постигнато само еден гол, додека пак во 1970 година бил во сенка на Jairzinha кој на тоа СП има даде дури три гола повеќе од Пеле.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*