Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, се реализира грандиозниот проект “Училишни спортски лиги“ поддржано од Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт. Федерацијата на училишен спорт на Македонија го изготви овој проект со основна цел да се унапреди училишниот спорт со зголемување на бројот на ученици вклучени во спортските активности и системот на натпревари во учебната 2017/18 година. Во рамките на овој проект во денес на 21.11.2017 год. (вторник) во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес се реалзираше меѓузонски натпревари во одбојка – машки кој се оди
гра во конкуренција на средни општински училишта од Источниот регион на ФУСМ. Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски зема учество на овој втор по ред турнир заедно со екипата на СОУ “Никола Карев“ од Струмица.
Од одиграните два натпревари по една победа припаднаа на двете екипи. Одбојкарската екипата на ССОУ “Коле Неделковски ја предводеше наставникот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев. Во рамките на овој државен проект следуваат и натпреварите во одбојка кој треба да се реализираат во Источниот регион и тоа во Велес и во пролетниот дел односно во второто полугодие.
Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ прва во Општина ВелесПрилог на К1 телевизија
Posted by ССОУ Коле Неделковски Велес on Mittwoch, 22. November 2017