Во рамките на одбележувањето на 75 години од смрта на Коле Неделковски, кое се одржа на 2 септември 2016 год. (петок), училишниот спортски клуб “Коле Неделковски“ – УЗУС“ од Велес кои делува при истоименото училиште ja организираше втората велосипедска тура “Војница 2016“ на релација Велес – Војница – Велес, родното место на Коле Неделковски. На оваа велосипедска тура со должина од 30 километри, учество земаа 15 ученици и наставниците по спорт и спортски активности од училиштето.
Овој 2 септември , денот кога во 1941 година трагично го заврши својот живот младиот македонски поет и револуционер, Коле Неделковски, воедно беше одбележан и со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на поетот во село Војница од страна на Општина Велес и Општина Чашка, Директорот и Наставничкиот совет на училиштето, Сојузот на борците, Здружението на пензионери и делегација на ООУ “Тодор Јанев“ од Нас. Чашка. Ученици од училиштето ССОУ “Коле Неделковски“- Велес читаа стихови од објавените стихозбирки „Пеш по светот“ и „М’ лскавици“, а воедно и присутните ја посетија и спомен собата која е сместена во просториите на училиштето.
м-р Ангелче Гушев