Home / Спортски настани / Велес за два месеци ќе добие модерна фитнес – зона

Велес за два месеци ќе добие модерна фитнес – зона

Fitnes-zona1Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денес направија увид во градежните работи за изградба на фитнес – зоната, која е лоцирана во Градскиот парк. Таа е дел од новиот проект на АМС за изградба на 20 фитнес зони, ширум целата држава. Ќе се простира на површина од 180 квадратни метри, на гумирана подлога, а ќе се постави и урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци), како и информативна табла за користење на справите.
Директорот Спасески потенцираше дека Агенцијата за млади и спорт во експресен рок ги завршила законските процедури и изградбата на првите фитнес-зони започна три месеци пред предвидениот рок, иако нивниот старт беше најавен за октомври, годинава.
“- Фитнес – зоните ќе бидат опремени со вкупно 8 реквизити, со кои ке може да се третира севкупната мускулатура на корисниците за да се дојде до подобра физичка кондиција и подобрена здравствена состојба. Реквизитите ќе бидат едностави и безбедни за употреба и за почетници како и за искусни корисници и заштитени од оштетувања при нормална употреба. Дизајнот на реквизитите предвидува повеќе истовремени корисници со што се зголемува капацитетот и искористеноста на просторот и реквизитите. Практично, фитнес – зоната ќе претставува класична теретана на отворено” – изјави директорот Спасески.
Тој информираше дека, ова не е ниту прв ниту последен проект на АМС во делот на подобрување на спортската инфраструктура во Велес. Имено, како што рече Спасески, досега само преку АМС во Велес се вложени преку 1 милион евра за изградба на фудбалското игралиште, за изградбата на 4 тениски терени и 3 повеќенаменски игралишта, а до крајот на годината ќе започне и реконструкцијата на покривот на спортската сала “Гемиџии”.
-“Општината Велес е влезена и во проектот за изградба на 150 игралишта за “street basket”, за што веќе сме во тендерска процедура за избор на фирма која ќе го направи основниот проект. По изработката на проектот, ќе следи тендерска процедура за избор на Изведувач, а на почетокот на 2017 година се очекува да започнат со градба и овие проекти.- информираше Спасески.
Градоначалникот Чадиев се заблагодари на Владата и на АМС за сите досегашни инвестиции во Велес и порача дека само на ваков начин се помага во психо-физичкиот развој на младите и се води вистинска борба против пороците на модерното општество.

Fitnes-zona

извор: https://www.facebook.com/AMSMacedonia

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*