Најзначаен дел е од оваа манифестација е гемијата која претставува врска на сегашноста со минатото. На гемијата константно ќе има најмалку шест луѓе кои треба да ги претставуваат Гемиџиите и велешките трговци. Гемијата по рeката Вардар ќе биде придружуванa од десет гумени чамци и логистичка поддршка од копно. Оживувајќи го минатото, организациониот одбор се залага за опстојување и одржување на Вардарската регата. Секоја година велешките Гемиџии да тргаат по патот на нивните предци. Оваа година регатата е дел од програмата на Велес град на културата 2015.
Програма на Вардарска регата “Гемиџии“ 2015
ПРВ ДЕН – (четврток) 25.6.2015
Старт на регатата од Логорот кај Мало мовче во центарот на градот
Ручек и одмор кај фариката за вештачко губриво ХИВ
Пристигнување во Стоби – Општина Градско и ноќевање во НАТО кампот Стрела 1 во Пепелиште
ВТОР ДЕН – (петок) 26.6.2015
Поагање од НАТО кампот Стрела 1 во Пепелиште
Ручек во близина на Неготино
Вечера и нокевање во Демир Капија
ТРЕТ ДЕН – (сабота) 27.6.2015
Поагање од Демир Капија
Ручек кај Градец
Вечера и нокевање (логорување) кај Марвинци
ЧЕТВРТ ДЕН – (недела) 28.6.2015
Поагање од Марвинци
Пристигнување кај мотелот во Гевгелија и ручек и средба со граѓаните на Гевгелија и
Затварање на Вардарската регата Гемиџии 2015.
м-р Ангелче Гушев