На Олимписките игри во Токио во 2020 година, во Баскет ќе се натпреваруваат по 32 екипи во машка и женска конкуренција, а форматот на натпреварите и квалификациите ќе бидат дополнително објавени. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави дека баскетот „три на три“ е примен во семејството на олимписки спортови. Генералниот секретар на ФИБА, Патрик Бауман, изрази голема благодарност на МОК што овој спорт го прими во олимпиското семејство.
„Ова е историски ден за ФИБА и за “три на три“. Ова е признание за една деценија напорна работа на дефинирањето на паравилата и вклучувањето на баскетот во мрежата на натпреварувања во органанизација на ФИБА“, рекол Бауман.