Јажето како реквизит !!!

preskakanje-konopacНемате доволно време и простор да направите добар кардио тренинг. Климатските услови не одговараат,  а надвор е премногу ладно. Ви останува како добра замена е да земете јаже за скокање. Јажето со сигурност може да ви биде добра замена за кардио тренинг.  Во соба, во двор пред зграда па и во спортска сала  јажето за скокање ќе ви ја дава таа слобода во тренингот што некогаш многу ја посакувате. Спортисти од светски калибар  во своите кариери останаа верни на јажето за скокање во своите кондициски подготовки.

Јажето како реквизит !
Со десет минути тренингот со јаже во темпо од 120 скока во минута ќе согорите ист број калории како и 30 минутен џогинг. Јажето е добар реквизит за загревање доколку работите силов или брзински тренинг, плиометриски скокови или едноставно сакате да направите партија баскет,  a воедно да го користите како помагало за стречинг. Ако направиме листа за споредба помеѓу различни реквизити и помагала за тренинг,  јажето за скокање ќе биде победник во категориите: практичност, ефективност и цена.
Јажето треба да ви е како “добро утро”, и  ќе постигнете одлична координација на телото, супер баланс (скокови на една нога) и брзина и агилност,  а најважно е што вашиот кардио васкуларен систем ќе го прифати секој следен предизвик многу полесно.

Препораки:
•    Стапнете во средина на јажето и повлечете ги краевите нагоре, ако ги допираат вашите пазуви тогаш таа должина е онаа што ви одговара.
•    Секогаш користете ја предната половина од стапалото како контактна површина
Тренинг од 10 минути
•    скок суножно во место : 3 x 30 сек. со пауза од  15 сек. и пауза меѓу серии 30 сек.
•    скок субеножно во страна 3 x 30 сек. со пауза од 15 сек. и пауза меѓу серии 30 сек.
•    скок со раздвоени нозе  3 x 30 сек. со пауза од 15 сек и пауза меѓу серии 30 сек.
•    скок на една нога (другата е со флексија во колк) 3 x 5 сек. поединечно , пауза 10сек.
•    скок на една нога странично (другата е со флексија во колк) 3 x 5. сек поединечно, пауза 10сек.
•    скок згрчено со двете нозе 2 x 10 повторувања

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu