Физичката активност е секое движење на телото како последица на мускулните контракции кои доведуваат до потрошувачка на енергија. Физичката активност опфаќа широк спектар на активности, игри, телесно вежбање, натпреварувачки спортски дисциплини, но и физички напрегања во тек на професионални активности или со еден збор секој вид на физичка работа.