Home / Исхрана на спортистите / Што да јадете пред спиење

Што да јадете пред спиење

obrok-pred-spavanjeКвалитетната храна во вечерните часови е добра  за вашето тело, за да се изврши поправка на оштетеното мускулното ткиво. Земање на соодветна храна пред спиење ќе му  даде на вашето тело потребни состојки за обнова од интензитетот на  тренингот и ќе ви помогне да се постигнете добра форма. Погрешно избраната  храна пред спиење во текот на ноќта носи поголем процент на масти во телото, но внимателно избрана храна кај  Вас  никогаш нема да предизвика добивање на вишок на тежина. Така,  за последен оброк избегнувајте  јаглехидрати, а појачајте ги протеините кои ќе ги опорават  и ќе  ги нахранат  мускулите. Ви препорачувам  еден оброк пред  да одите  да спиење да земете  50 грама ниско калорично сирење кое го содржи казеин протеинот, кој   бавно да се вари,  а со тоа ја  храни вашата мускулатура  многу долго. Сирењето можете да го користите во комбинација со крекери. Покрај гореспоменатите информации во продолжение можете да ги користите и следните продукти како храна за навечер и тоа после 19.00 часот, а истите нема да бидат закана за вашата витка линија и нема да го попречат вашиот сон.

Овесна каша
Докажано е дека јаглехидратите го ослободуваат серотонинот кој го смирува мозокот. Порција овесна каша со млеко е најдобар избор пред спиење.

Сок од цреши
Истражување од 2011. година покажало дека две чаши сок од цреши дневно (наутро и навечер) го зголемува нивото на мелатонин кој сонот го прави поквалитетен.

Топло млеко
Чаша млеко е стар рецепт за подобар сон. Освен што ја содржи аминокиселината триптофан која ја поврзуваме со спиењето, дејствувањето на овој пијалак е, сепак, повеќе психолошко.

Јаткасти плодови
Јаткастото овошје е полно со магнезиум кој има смирувачко дејство на мозокот и го подобрува квалитетот на сонот. Бадемите, оревите и кикиритките се само некои од плодовите кои секогаш мора да ги имате дома. Важно е со нив да не претерувате.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu