Home / Исхрана на спортистите / Шипката – магацин полн со витамини

Шипката – магацин полн со витамини

New Picture (1)Шипката е трајна грмушка со висина од 2 до 3 метри. Во првата година се појавуваат исправени избои кои во следните години се разгрануваат во многубројни и свенати висечки гранки. Целата грмушка е обрасната со остри боцки кои се свртени надолу. Листовите се непарно перасти, а ливчињата со јајчест облик и остро назабени. Цветовите се од бела до бело-розевкаста боја. Цветовите се со јајчест облик, светлоцрвена боја, а содржат голем број на тврди семки. Цветовите имаат угоден мирис, а плодовите имаат киселкасто-сладок вкус кој стега. Семките се без мирис, но затоа чајот има многу пригоден мирис. Шипката е многу распространета по цела Европа. Во нашите краишта ја има во прилично големи количини , а расте по брдата, шумите и на други места.

Како лек се собираат нејзините плодови и цветните латици.
Шипката е лековита билка која како и црната рибизла има најмногу Ц витамин. Посебно е важно што со готвење, шипката не го губи овој витамин. Чајот се препорачува на мајките за време на доењето. Производите од шипка го отстрануваат таканаречениот пролетен умор, малаксаноста, бледоликоста и неволноста, како и сите останати тегоби поврзани со недостигот на витамин Ц.  Шипката поволно делува на дигестивниот тракт и на излачувањето на мокрача без никакви надразнувања на бубрезите. Чајот од шипка се препорачува за спречување на каменецот во бубрезите и мочните канали. Исто така, делува на прочистувањето на крвта, а се користи кај процесите на воспаление на бубрезите, мочниот меур и нефроните. Цветните латици на шипката се употребуваат за приготвување на чај кај крварењето од желудникот, цревата, белите дробови и хемороидите, како и против пролив и желудечни грчеви. Помешана со други билки се користи во лечењето на други болести. Други имиња: дива шипка, дива роза, кучешка роза, шепурника, шипурина Латинско име: Rosa canina Англиски: Dog rose

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu