Шатор

ШаторВо овој прилог ви ги преставувам двата аспекти на ШАТОРОТ како средство кое нуди многу дејства.

 

 

ШАТОРОТ ВО ИЗВИДНИЧКИ КОНТЕКСТ…
Шаторот е симболичен објект. Тој буди различни чувства и асоцијации кои настануваат во зависност од контекстот на неговата околина. Поставен во дивата природа, шаторот станува симбол на слободата. Извидничкиот шатор , воедно нуди заштита и автономија, а преставува и симбол на мобилност и на флексибилност . Шаторот е објект кој е симбол на заедништво и единство, но и еден вид на ветување и обврска за наредни авантури, дружења и преживувања но и ветување и обврска за понатамошни акции и добри дела.

ШАТОРОТ ВО СОВРЕМЕНИОТ КОНТЕКСТ НА ЖИВЕЕЊЕ …
Шаторот во современото живеење буди една поинаква слика. Шаторот стана метафора за заробеништво, за немоќ. Пред моќните институции (влади, банки, берзи), шаторот стана привремено живеалиште, каде што се создава еден нов систем – критички простор. Одеднаш шаторот стана место за силен протест против структурите на моќ, а истовремено и рефлексија на едно чувство за немоќ и беспомошност. Поставен во шут и во прав, шаторот постана место на архитектонски пример за “доброто“, односно симбол за солидарност.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu