Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Членовите на ИО “Димитар Влахов“ – Велес – први во Скопје

Членовите на ИО “Димитар Влахов“ – Велес – први во Скопје

medalИзвидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, на покана на извидничкиот одред “Браќа Миладиновци“ од Скопје , на 15.11.2014 год. (сабота), по повод Денот на ослободување на град Скопје, со петнаест извидници зема учество на традиционалната акција “Извидниците за својот град“. На оваа извидничка активност извидниците се натпреваруваа во голем број на извиднички дисциплини, а учество земаа триесетина патроли на развигорци и помлади извидници. Велешките извидници во рамките на натпреварувачккиот дел во категоријата помлади извидници го освоија првото, второто и петтото место. По освојувањето на второто место на Државниот извиднички ориентационен натпревар, ова е нов успех на Велешките извидници, со што се докажува квалитетната работа на членовите на извидничкиот одред “ Димитар Влахов“- Велес.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*