Хормонот ирисин за прв пат се спомнува од страна на Брус Спигелман во списанието “Nature“ во јануари 2012. Брус Спигелман и неговите колеги и соработници го изолирале хормон ирисин кој е ослободен од мускулните клетки по аеробните активности. Ирисинот ги репрограмира масните клетки да ја согоруваат енергијата наместо да ја чуваат и да ги потхрануваат истите. Истражувањата покажале дека зголемувањето на нивото на ирисин е како резултат на редовните аеробни тренинзи и вежбање, но не и по краткорочни анаеробни активности. Подигањето на нивото на ирисин ја зголемува експресијата и изразувањата во БНДФ (мозочниот неуротрофен фактор) и воедно ги активира гените кои се од суштинско значење за меморија и учење. Спортистите кои имаат повисоко ниво на ирисин , имаат подобри резултати во издржливоста , телесните мерки, функционалните и моторички способности.
проф. Ангелче Гушев