Home / Исхрана на спортистите / Ф’стак – моќен мал зелен плод

Ф’стак – моќен мал зелен плод

fstak1Ф’стакот како  јаткасто овошје спаѓа на листата од најздравите намирници, меѓутоа кога зборуваме за него обично мислиме на ореви и бадеми. Секако, тоа е супер здрава  закуска, но можеме да забележиме дека неоправдано се запоставени ф’стаците. Малиот зелен плод е моќна намирница која го забрзува метаболизмот и го успорува стареењето!  За него потојат  фантастични предности на оваа намирница кои ќе ве натераат веднаш да започнете да го користите како  здрава храна и да го имате во своите дневни залихи…

ТОЈ Е ОДЛИЧЕН  АНТИОКСИДАНС
Ф’стаците се рекордери меѓу јаткастите плодови според количеството антиоксиданси кои се клучни за обновата на клетките. Многумина поради ова го нарекуваат природен ботокс!
Се препорачува консумација на 5 до 10 ф’стаци дневно во борба против брчки.

ТОЈ Е ДОБАР ИЗВОР НА ДИЕТАЛНИ ВЛАКНА
Во само 100 г. ф’стаци се содржат 10,3 г диетални влакна кои се пресудни за добар метаболизам и дигестија.

ГО РЕГУЛИРА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА
Една чаша ф’стаци содржи дури 60% од дневната доза за фосфор. Овој минерал покрај тоа што ги разложува протеините во аминокиселини, туку ја подобрува и толеранцијата во организмот на глукоза.

ГИ ЧИСТИ КРВНИТЕ САДОВИ
Консумирањето на ф’стаци го намалува холестеролот за 20%, после само неколку седмици, поради антиоксидансот лутеин кој е заслужен за забрзување на метаболизмот и успорување на стареењето.

Совет: бидејќи 100 г. ф’стаци содржат дури 542 калории, оваа намирница треба да се консумира умерено.

 

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu