Home / Колективни спортови / Формација 4-4-2

Формација 4-4-2

fudbal-lopta-kopackeФормациите во фудбалот се метод за поставување на играчите на теренот со цел да му се овозможи на тимот да игра во согласност со претходно договорени тактики. Може да се употребат различни формации во зависност од тоа дали тимот сака да игра напаѓачки или одбранбен фудбал. Обично ако тимот повеќе ја има топката и поентирал повеќе од еднаш, продолжува со чување на топката и не ризикува правејќи додавања кои можат да доведат до губење на топката.Формациите можат да се менуваат за време на натпревар,но играчите треба да се прилагодат на новиот систем на игра.Формациите ги земаат предвид бројот на играчи во секоја област, почнувајќи од одбранбената линија(со исклучок на голманот). Се зема во предвид спогодбено кога тимот се брани и е соодветно организиран.Формациите кои најчесто се користат се варијации на 4-4-2, 4-3-3, 4-2-3-1, 3-5-2 и 4-2-2-2.Фудбалот порано се потпирал на формации со повеќе напаѓачи,но постепено формациите се смениле кон зголемена сигурност во одбраната.Старите формации вклучуваа 2-3-5, 2-2-6 и 4-2-4. Некои радикални фудбалски филозофии како што се тотален фудбал до одредена мера ја предизвикале идејата за формација. Во овие системи играчите имаат толкава слобода на движење што често доведува до тешкотии да се назначат на одредена позиција.Тие исто така се сметаат за необични формации:некои коментатори тики-таката што шпанците ја употребија на Еуро 2012 ја опишуваат како формација 4-6-0. Денес ке зборуваме за формацијата 4-4-2.

 4-4-2

4-4-2 е една од најчесто користените фудбалски формации. Тоа е формација која е лесно адаптирачка и нуди цврстина и сигурност во средината како и можност за ширење на играта. Исто така лесно е играчите од средината да се прилагодат на тоа дали се игра напаѓачка или дефанзивна игра за полесно успешно да ја завршат нивната улога во екипата.

Нападот во 4-4-2
Често се случува еден од напаѓачите да е корпулентен па со својата сила да ги примора одбранбените играчи на противничката екипа да се постават не еден туку двајца околу него, па на тој начин да му овозможи на другиот, најчесто брз и добар дриблер, да има повеќе простор за да експериментира со топката, но почесто дриблерот е наменет за да успее лесно да мине еден или двајца противнички играчи а потоа да додаде до другиот напаѓач чија улога во овој случај е да стои отворен за топка и кога ке ја добие да ја искористи својата сила за лесно да го победи голманот или евентуално да изнуди нешто поголемо (пенал, корнер…). Најпознат случај на поставување на напаѓачите на вториот начин се среќава кај холанѓанецот Денис Бергкамп кој беше многу добар дриблер. Пример за корпулентен напаѓач: Диего Коста

Среден ред во 4-4-2
Средниот ред најчесто делува така што еден играч стои поназад како поддршка за одбраната и негова задача е да ги сопира контранападите на противникот и да има улога на дефанзивец при напад на другата екипа.  Секогаш треба има и двајца играчи кои стојат лево и десно некаде на средината на теренот во улога на лев и десен играч од средината кои најчесто додека екипата напаѓа служат како поддршка на напаѓачите но и остануваат нешто поназад од бековите за да затворат евентуален контранапад по една од двете страни.
Најпоследен и најофанзивен е напаѓачкиот играч од средината чија задача е да пружа поддршка на нападот но често има и улога на “топ” и ја користи силата за да испраќа брзи и прецизни удари кон голманот или кон соиграчот. Најпознати, а воедно и најјаки играчи од средина: Јаја Туре, Френк Лампард, Чави, Немања Матич, Чаби Алонсо, Џон Оби Микел… Чаби Алонсо сопира контранапад на противничката екипа.

Одбрана во 4-4-2
Обранбените може да бидат леви, десни или централни бекови. Левите и десните бекови имаат за задача да ја користат брзината и агилноста кои се главни предиспозиции за да ја рашират одбраната на протвникот и да го спабдат нападот со “муниција” преку центаршути или долги топки. Исто така додека нивната екипа изведува корнер тие стојат околу средината на теренот бидејки најчесто централните дефанзивци чија главна одлика е висината се во шеснаесетникот чекајки нафрлување.  Централните дефанзивци имаат најтешка задача на натпреварот, да сопрат секаков продор по средината на противник. Велам најтешка бидејки секоја нивна грешка многу лесно може да резултира со гол. Исто така како што веќе напоменав речиси секогаш за време на корнери се во шеснаесетник, без разлика дали корнерот е за нивната или противничката екипа. Најпознати дефанзивци се: Џон Тери, Немања Видиќ, Карлос Пујол, Пике, Серхио Рамос, Бонучи, Келини…  Една од карактеристиките кои ги одликуваат дефанзивците: Пожртвиваноста.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu