Home / Методика на ФЗО / Физички активните деца имаат помоќен мозок

Физички активните деца имаат помоќен мозок

deca1Новите истражувања покажуваат дека физички активните деца имаат по брзи и по јаки неутро-електрични мозочни реакции во текот на читањето во однос на помалку активно подготвени деца. Научниците од Урбана- Шампањ Универзитет од Илиноис со помош ма електроенцефалографија (ЕЕГ) откриле дека децата со подобра физичка форма имаат и подобри јазички вештинии и тоа благодарејќи на јаките и брзи мозочни синапси.  И покрај тоа што студијата не покажала како физичката вежба влијае на промените во електричната активност на мозокот, научниците тврдат дека резултатите јасно укажуваат на врска помеѓу нивото на физичка форма и когнитивните способности.
Како би ги истражиле јазичките способности, научниците го земале за обработка писателот Луис Керол авторот на книгата Алиса во земјата на чудата, а кој воедно ја има напишано бесмислената песна “Џабервок“ (анг. “Jabberwocky“), полна со безмислени и измислени зборови, а истата има барање од читателот да ги активира посебните видови на мозочни бранови (N400 и P600) како би успеал да ја разбере. Резултатите покажале дека овие мозочни бранови кај децата со подобра физичка подготовка и форма имало поголеми амплитуди при читањето на логичките или безмислени реченици, што покажува дека информациите побрзо се обработувале, отколку кај децата со послаба физичка форма.
Уште по значајно и важно е што научниците откриле дека разликите во мозочната активност е во директна врска со академските постигнувања. “Нашите истражувања покажаа дека мозочните функции кај физички подготвените деца се различни, затоа што тие можат подобро да ги пренасочат мозочнте ресурси за да би го совладале и разбрале прочитаниот текст“ истакна Чарлс Хилман, когнитивен психолог и еден од коавторите на студијата.

м-р  Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu