Home / Кондициска подготовка / Физичката активност фактор за добра физичка форма

Физичката активност фактор за добра физичка форма

koncepcija-razvoja-sporta-i-fizicke-aktivnosti-na-seluФизичката активност е важна за одржување на физичката форма и може да  има позитивен придонес за одржување на здрава телесна тежина, за создавање  и за одржување на здрава коскена густина, мускулна сила и подвижност на  зглобовите, придонесува за подобра психолошка состојба, за намалување на  ризикот од хируршки зафати и за зајакнување на имунолошкиот систем.  Вежбањето ги намалува нивоата на кортизол, којшто причинува многу  здравствени проблеми, како физички така и ментални. Докажано е дека честото и редовно аеробно вежбање помага во превенција  и во лечење од тешки и хронични состојби заканувачки по животот,  како што се високиот крвен притисок, дебелината, срцевата болест,  дијабет Тип 2, несоница и депресија. Тренинг за издржливост пред  оброците го намалува нивото на глукоза во крвта повеќе отколку  практикување на истиот тренинг после оброците. Според Светската  здравствена организација, недоволната физичка активност придонесува  за приближно 17% од срцевите болести и дијабет, за 12% од паѓањата  во подоцнежните години и за 10% од ракот на дојка и на дебелото црево. Докажано е дека интензивното вежбање (90-95% од максималната  искористеност на кислород) поттикнува поголема физиолошка срцева  хипертрофија отколку умереното вежбање (40 до 70% од максималната искористеност на кислород), но не е познато дали ова влијае врз севкупната морбидност и/или смртност. Одредени истражувања покажаа дека интензивното вежбање коешто го вршат здрави личности, може да го зголеми нивото на опиоидни пептиди (познати како ендорфини, природно застапени опиоиди коишто споени со други нервни трансмитери предизвикуваат чувство на еуфорија поттикната од вежбање и докажано е дека предизвикуваат зависност), на тестостерон и на хормонот за растење, последици коишто не се потполно забележани во случај на умерено вежбање. Поскорешно истражување укажува дека анандамидот можеби игра поголема улога отколку ендорфините во поттикнувањето на чувството на еуфорија кај активните спортисти. Сепак, вежбање со овој интензитет на долги временски периоди или без правилно загревање на мускулатурата пред, и нејзино смирување по вежбањето, може да доведе до зголемен ризик од повреда и од претренираност. И аеробното и анаеробното вежбање работат во функција на  зголемување на механичката ефикасност на срцето по пат на  зголемување на јачината на срцето (аеробно вежбање),  или на миосрцевата густина (тренинг за сила). Таквите промени се најчесто корисни и здрави доколку се појавуваат како резултат на вежбањето. Сите не извлекуваат подеднаква корист од вежбањето.  Има огромно варирање од една до друга личност како резултат  на вежбањето; повеќето луѓе ќе забележат умерен пораст на  издржливоста како резултат на аеробното вежбање, некои индивидуи  двојно ќе ја зголемат искористеноста на кислород, додека други пак,  никогаш нема да можат да ја зголемат издржливоста. Сепак, мускулната  хипертрофија предизвикана од тренинг со отпор, пред сè е предодредена  од диетата и тестостеронот. Ова генетско варирање на напредокот  којшто се постигнува како резултат на тренирањето, претставува една  од клучните физиолошки разлики помеѓу елитните спортисти и пошироката  популација. Истражувањата покажаа дека вежбањето во средните години  води до подобра физичка способност во подоцнежните години во животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu