Home / Методика на ФЗО / Физичката активност – навика која треба да се негува

Физичката активност – навика која треба да се негува

Besplatni-kursevi-i-rekreacija-za-Beogradjane-764Сите учат, сите се под огромен стрес и тензија. Буквално, психо-физичко измачување. Постојано сме со книга, малку спиеме. Јадеме многу малку и не соодветна храна, или пак често пати губиме контрола врз чувството на глад и се прејадуваме. Јадеме и многу благо,особено чолколади и мрсни грицки, со надеж дека ќе имаме повеќе концентрација и енергија, пиеме многу кафиња и енергетски напитоци, верувајќи дека ќе имаме повеќе сила за да останеме будни во ноќта и да можеме да учиме. Некои користат исто така и специјални апчиња за концентрација. Дури и негата на сопственото тело, останува некаде во позадина, кога пред нас се појавуваат купови од огромни книги. Со еден збор, забораваме да се погледнеме во огледало.
Некои, и покрај тоа што имале навика редовно да вежбаат барем по 10 минути во денот, престануваат, бидејќи ја губат вербата во себе. Зарем тешко е да се одвојат 10 минути во денот? Навидум не, но кога си под таков огромен (испитен) стрес, навистина е тешко. Ако со трчањето се казнувате дека сте изеле пица за вечера, тешко дека сериозно ќе почнете да вежбате. За да почнете сериозно да вежбате, треба да имате мотивација, а не да го правите тоа како суспензивна мерка. Мотивација нека ви биде љубовта кон себе! Да не дозволиме во овој период да се запуштиме во буквална смисла на зборот. Книгите се важни, но сепак, најважни сме самите ние и нашето здравје и убав изглед.
Еве неколку чекори, како да не престанете да вежбате, кога сте под стрес или да започнете, ако се уште ја немате оваа важна навика:
1.) Најдете си мотив, нешто што ќе ве поттикнува постојано (љубовта кон себе).
2.) Без одложување – Тоа што можеш да го направиш денес, не го оставај за утре!
3.) Препознајте кој тип на вежби е соодветен за вас.
4.) Немојте постојано да се мерите – тоа повеќе води во депресија (треба да се мерите најмалку 1 неделно).
5.) Комбинирајте разни начини на вежбање – ќе ви биде поинтересно и повеќе ќе ви се вежба.
6.) Правило од 10 минути – постевете си го за цел, а потоа ќе можете да вежбате уште 30 наредни минути, бидејќи ќе се загреете.
7.) Соодветна облека за вежбање.
8.) Дајте си време за новите навики – дури и неколку недели за да се самоприфатите, како човек кој редовно вежба.
9.) Визуелизирајте го успехот – постојано мислете на себе како вежбате, а не како се истегнувате пред телевизорот.
10.) Верувајте во добрата одлука – вежбањето ја зголемува самодовербата!

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu